Факти кои ќе ве уверат дека светот е чудно место, полно со изненадувања
Светот, покрај фактите кои ни се познати за него и за животот, крие уште многу мистерии и тајни, кои никој не ги знае.
Но, има и многу работи кои се познати, но ретко кој се заинтересирал или имал прилика да ги дознае.
Па, доколку се интересирате за тоа колку чудно место е светот, или пак не верувате во тоа, следниве факти ќе ве уверат.
Факти кои можеби не сте ги знаеле и ќе ве изненадат:
1.Во Холандија живеат највисоките мажи. Просечна висина на Холанѓанец е 183 cm. Но, највисоките жени се од Латвија. Нивната просечна висина е 170 cm.
2.Крави од различни делови во светот мукаат на различни начини. Може да се каже дека тие, исто како и луѓето имаат свои локални дијалекти.
3.Во средновековниот период, обетките претежно ги носеле мажи. Ова било заради тоа што Католичката црква забранувала дупнување на ушите, но пиратите, морнарите и други мажи кои ги злоупотребувале законите, не се брзале да се откажат од накитот.
4.Морските коњчиња и уште неколку слични видови риби се единствените животни каде мажјакот може да забремени.
5.Кацигите на астронаутите имаат посебни направи со кои може да го почешаат носот кога се затворени во неа.
6.Античките Грци верувале дека „животот“ на човекот е концентрират во црниот дроб, а не во срцето. Затоа во митот за Прометеј, орел му го клукал црниот дроб.
7.Во Кина, на мажите им се нуди услуга да го почувствуваат процесот на бременост и пораѓање. Зачудувачки, многу мажи се заинтересирани за стимулациите кои им го доближуваат процесот.
8.Холандија не е родното место на лалињата. Се верува дека тие првпат се појавиле во Северен Иран и на планините во Централна Азија, уште во 10-иот век. Во Европа, лалињата се појавиле 600 години подоцна.
9.McDonald’s освен што има вкусна храна, има влијание и во едукацијата. Повеќе од 80.000 менаџери завршиле на „Хамбургер Универзитетот“, кој е создаден за да се едуцираат и тренираат работниците во овој ланец на ресторани.
М. М. | Црнобело