10 мудри реченици за жените по 35-тата
Од искуство, многу жени ќе ви кажат дека животот се менува во третата деценија, посебно по 35-тата година.
Повеќе не сте девојче, не ви се дозволени гафови заради незрелост или погрешна проценка.
Овие 10 реченици треба добро да ги запаметите откако ќе наполните 35:
1. Без оглед на тоа колку била добра журката, направи сè за да се разбудиш во свој кревет.
2. Помеѓу парче торта и бисквит, секогаш одбери чаша студена вода.
3. Ако е полноќ, а ти мораш да ја измиеш косата, да се издепилираш и да направиш маникир и педикир, секогаш одбери сон. Влакненцата можеш да ги покриеш, на косата можеш да ставиш фенси марама, а ноктите да ги налакираш со проѕирен лак за 2 минути седејќи во автобус. Ништо нема да го покрие измореното лице и лошото расположение. Секогаш одбери сон.
4. Патувај. Искористи ја секоја шанса. Новите искуства никогаш нема да излезат од мода.
5. Пред да почнеш да ја проценуваш ситуацијата, секогаш запрашај се „Дали ова е моја работа?“ Потоа замолчи и тргни со по својот пат.
6. Трошењето време и емоции на несоодветен човек има смисла само во случај ако ти си доктор, а тој пациент, кој те плаќа.
7. Помеѓу бурна романса и можност за заработување пари, секогаш направи го вториот избор.
8. Во кавгите не се раѓа вистината, туку мигрената. Изговореното „да, како сакаш...“ во вистинскиот момент ќе ви ги сочува и парите и нервите.
9. Неколку дена во самотија делуваат подобро отколку најскапиот спа третман.
10. Ниту еден маж не вреди толку, заради него да патиш во неудобни чевли.
М. Д. | Црнобело