Ако не трошиш пари, никаде не си добредојден: 10 кинески народни мудрости
Кинеските народни поговорки се полни со мудрости кои ќе ви го олеснат животот.
Секој народ има свои мудрости и поговорки, но Кинезите како да водат на оваа листа.
Тие имаат по некој бисер за секоја ситуација.
Ги издвоивме најинтересните кинески мудрости кои започнуваат со „Ако...“:
1. Ако не го пушташ сонцето низ прозорецот, на врата ќе ти дојде лекар.
2. Ако не трошиш пари, никаде не си добредојден.
3. Ако не знаеш, треба да прашаш. Ако не знаеш како, треба да научиш.
4. Ако некој го прави само тоа што се бара од него, тој е роб. Ако прави повеќе од што се бара од него, тој е слободен човек.
5. Ако никогаш не си испаднал глупав, никогаш нема да станеш експерт.
6. Ако кучето влезе, кога мачката ќе излезе, нема да има кавга.
7. Ако ја познаваш реката, полесно ќе управуваш со чамецот.
8. Ако се сомневаш во човек со него не си имај работа. Ако си имаш, не се сомневај.
9. Ако ја занемариш својата уметност еден ден, таа ќе те занемари тебе два.
10. Ако знаеш дека си направил зло, а одбиваш тоа да го признаеш, крив си двојно.
С. С. | Црнобело