Водич низ животот од Ернест Хемингвеј

Иако денес е познат како еден од најдобрите писатели на сите времиња, Ернест Хемингвеј бил исто толку познат и по неговата потреба за авантура. Независно дали трчал со бикови во Памплона, пиел коктели во Хавана или се дружел со неговите мачки со 6 прсти на нозете, Нобеловецот е познат по тоа што секогаш ги носел работите во екстреми.

vodic niz zivotot od ernest hemingvej 1

Неговите невообичаени авантури ги користел како фиктивни приказни во неговите книги.

Еве неколку мисли кои ќе ве воведат во начинот на живот на Хемингвеј:

1. Сакам да слушам. Научив многу работи слушајќи внимателно. Многу од луѓето никогаш не слушаат.

2. Најдобриот начин да дознаете дали можете да му верувате на некого, е едноставно да му верувате.

3. Никогаш не сум морал да изберам тема за пишување, темата секогаш ме избирала мене.

4. Никогаш не одете на патување со некој што не го сакате.

5. Среќата кај интелигентните луѓе е најреткото нешто што сум го видел.

6. Единственото нешто што може да ми го уништи денот се луѓето. Луѓето отсекогаш биле ограничувачи на среќата, освен неколку од нив што се исто толку добри како пролет.

7. Нема ништо подобро од пишувањето. Се што треба да направиш е да седнеш пред машината за пишување и да „крвариш“.

8. Се будам наутро и мојот ум започнува да создава реченици од кои морам веднаш да се ослободам, да зборувам за нив или да ги запишам.

9. Сакам да спијам. Мојот живот има тенденција да се распаѓа кога сум буден.

10. Светот ги крши сите, но на крајот излегува дека некои се појаки на скршените места.

11. Сите навистина злобни работи започнуваат од невиност.

12. Храброста е покажување милост под притисок.

13. Секогаш направи го трезен она што си кажал дека ќе го направиш додека си бил пијан. Тоа ќе те научи да си ја затвориш устата.

14. Нема ништо благородно во тоа да бидеш подобар од другите. Вистинската благородност лежи во тоа да бидеш подобро од она што си бил претходно.

15. Светот е убаво место и вреди да се бориме за своето место во него. Навистина не сакам да го напуштам.

16. Кога стануваме возрасни се потешко е да имаме херои, но верувајте дека ни е потребно.

17. Никогаш немојте да помислите дека војната, колку и да е потребна или оправдана сама по себе не е криминал.

18. Сакам да одам во зоолошка. Но не во недела кога има толку луѓе наоколу кои им се смеат да животните а би требало ситуацијата да биде обратна.

19. Најболното нешто е да се изгубиш самиот себеси во процесот на сакање на некој друг премногу и да заборавиш дека и ти самиот си важен.

20. Пијам за другите луѓе да станат поинтересни.

21. Не можеш да избегаш самиот од себеси ако се преселиш од едно место на друго.

22. Како писател, не треба да судиш, треба само да разбираш.

23. Не сакам да те бакнам за збогум, во тоа е проблемот. Сакам да те бакнам за добра ноќ, во тоа лежи разликата.

24. Грижете се по малку секој ден и ќе изгубите неколку години од животот. Ако нешто не е во ред поправете го ако можете. Но научете се да не се грижите, грижата никогаш не поправа ништо.

25. Сега не е време да мислите на она што го немате. Мислете на она што можете да го направите со тоа што веќе го имате.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg