Му спремале погреб 4 пати и уште 7 други помалку познати факти за Џон Кенеди
Пред Доналд Трамп тој бил најбогатиот претседател на САД, постојат гласини дека фалсификувал документи за да може да се пријави во морнарицата, а за својата книга добил Пулицерова награда, но се покажало дека и за тоа имал помош од анонимен автор – Факти за Џон Кенеди.
Повеќе од 50 години по неговата трагична смрт која неочекувано го заврши неговиот претседателски мандат, Џон Кенеди сè уште останува да биде една од најинтригантните историски фигури и еден од омилените претседатели на Америка.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:
Семејството четрипати се подготвувало за неговиот погреб
Пред атентатот во кој го загуби животот, Џон Кенеди имал уште три блиски средби со смртта, а првата била кога имал само 2 години.
Тогаш се разболел од црвена треска, а пред да го пренесат во болница семејството викнало свештеник за да го подготви за смртта.
Семејството се подготвувало за неговиот погреб и во 1951-ва година кога имал многу висока температура во Јапонија, трет пат во 1954-та година кога паднал во кома по операција на грбот и четвртиот пат на денот на неговото убиство во 1963-та година во Далас, Тексас.
Лажирал сертификати за да влезе во војска
Здравствената состојба на Кенеди станала вистински проблем кога тој требал да ги помине тестовите за физичка спремност за да може да и служи на својата држава за време на Втората светска војна.
Тој го искористил богатството и моќта на својот татко за да стане поморски офицер.
Татко му успеал да ги убеди неговите влијателни пријатели во војската да прифатат лажен сертификат за здравјето на неговиот син од фамилијарен доктор.
Тој бил воен херој
Независно од тоа како стигнал до тоа да служи во војска, Џон успеал да се докаже додека бил офицер.
Во 1943-та година тој бил ставен како командант на PT-109, патролниот брод кој беше нападнат близу до Соломонските острови.
Кога потонал бродот, Кенеди и неговиот екипаж пливале околу 6km и стигнале до близок остров каде што чекале околу 7 дена да ги спасат.
Во обид да добие помош за екипажот, Кенеди изгравирал порака за помош на кокос која ја испратил по двајца локалци до најблиската воена база. Кенеди го чувал кокосот како сувенир од неговата блиска средба со смртта.
Потонатиот брод бил пронајден речиси 60 години подоцна
Во 2002-ра година, познатиот поморскиот археолог, Роберт Балард, кој своевремено ги пронашол остатоците на „Титаник“, ги пронашол остатоците од потонатиот брод на Кенеди.
Според него тоа била најтешката мисија што дотогаш ја имал.