Едноставни препораки од луѓе зошто читањето книги е прекрасно

Магија можете да пронајдете во секој миг, само седнете, релаксирајте се и земете книга во раката.

ednostavni-preporaki-od-lugje-zoshto-citanjeto-knigi-e-prekrasno-01.jpg

Дури и ако сте прочитале само една добра книга во животот, тогаш знаете која е убавината на читањето.

Овојпат нема да ви говориме колку оваа активност е здрава за вас и ве оттргнува од штетното влијание на модерната технологија, туку ќе ви пренесеме совети од луѓе што обожаваат да читаат.

Тие на едноставен начин порачуваат зошто е добро да читате:

- Немате што да изгубите, освен незнаењето.

- Ќе ве одмори од вашите бури затоа што читањето на миг ќе направи да го напуштите својот живот, главата и проблемите преку тоа што ќе влезете во нечии туѓи животи.

- Никогаш нема да бидете сами и да се чувствувате осамено.

- Ќе бидете помудри.

- Ќе научите приказни што не сте ги знаеле, ќе посетите места на кои не сте биле и ќе „сретнете“ ликови кои во реалноста сте немале можност.

- Затоа што нема ништо подобро од креирање на сопствен ментален филм за приказната додека читате.

- Читањето е најдобар увид во емоционалниот живот на другите личности и лесен начин за гледање на светот од туѓа перспектива, а тоа ви е неопходно во животот.

- Романтичните книги се добри за душата.

- Читањето прави полесно да го пронајдете својот мир и да заспиете.

- Читајте за да ги разберете туѓите култури.

- Читајте за да се одморите од напорниот работен ден.

- Читањето ве прави кул.

- Читајте поради себе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg