Научно докажани факти дека мажите и жените се комплетно различни

Еволуцијата имала големо влијание врз разликата на половите. Нивните мозоци реагираат сосема поинаку во одредени ситуации.

nauchno-dokazani-fakti-deka-mazite-i-zenite-se-kompletno-razlichni-001.jpg

Очигледно е дека мажите и жените се сосема различни, но дали сте помислиле некогаш што ги прави овие два пола толку поинакви?

Еве 9 научно докажани факти дека мажите и жените се комплетно различни:

4 пати e поверојатно мажите да веруваат дека сексот и романсата се иста работа.

Жените се родени со поголема способност за емпатија и за нив сексот и романсата се сосема различни работи, додека кај мажите ситуацијата е поинаква. Затоа за да функционира еден пар задолжителна е добра комуникација.

Мозоците на мажите и жените еволуирале поинаку.

Мозоците на мажите во текот на еволуцијата биле програмирани да се концентрираат на работата – ловење и заштита на семејството и морале да мислат на опстанокот.

Мозоците на жените еволуирале во насока на воспоставување однос полн емпатија со другите луѓе. Затоа жените се подготвени за дијалог за емоциите, додека мажите го избегнуваат тоа.

7-nauchno-dokazani-fakti-deka-mazite-i-zenite-se-kompletno-razlichni-05.jpeg

Мажите и жените буквално не ги гледаат работите исто.

Од перцепцијата на светлината, па до пристигнувањето на информацијата до церебралниот кортекс, процесот на гледање кај двата пола е сосема различен.

Женските бебиња сакаат лица, машките бебиња сакаат движечки објекти.

Во едно истражување со 100 бебиња направено блиску до денот на нивното раѓање, утврдено е дека женските бебиња сакаат лица, а машките движечки објекти.

Истражувачите ги снимале реакциите и движењата на очите на бебињата во различни ситуации и врз база на тоа дошле до овој резултат.

7-nauchno-dokazani-fakti-deka-mazite-i-zenite-se-kompletno-razlichni-06.jpeg

Жените ги користат двете страни на мозокот за да одговорат на емоционалните искуства, а мажите само едната.

Неодамнешно истражување на Универзитетот во Стенфорд откри дека кога на жена ќе ѝ се покаже емоционална фотографија, речиси 9 различни делови од нејзиниот мозок се активираат, додека кај мажите само 2.

Мажите се возбудуваат во стресни ситуации, додека жените ја губат желбата за секс.

Чудно, но во стресни ситуации мажите имаат поголема сексуална желба. Агресивната околина пак кај жените, делува сосема спротивно.

7-nauchno-dokazani-fakti-deka-mazite-i-zenite-se-kompletno-razlichni-01.jpeg

Пријателствата им се поинакви.

Жените сакаат да имаат широк круг на пријатели за емоционална поддршка додека мажите построго ги бираат пријателите и тоа според заеднички интереси, активности, работа итн.

Мозокот на жените е пофлексибилен од мозокот на мажите

Стресот прави притисок на мозокот на жената и кортексот на нејзиниот мозок се зголемува, додека кај останатите делови од мозокот има мало стеснување. Во нејзиниот мозок се формираат нови патишта и мрежа сè додека ситуацијата не се врати во нормала. Кај мажите ова не е случај.

7-nauchno-dokazani-fakti-deka-mazite-i-zenite-se-kompletno-razlichni-04.jpeg

Мажите се вљубуваат на прв поглед, а жените прават комплетни процени.

Спротивно на општите верувања, мозокот на жената е повнимателен околу изборот на потенцијалниот партнер. Кога жената е заљубена има многу поголема активност во областите од мозокот кои процесираат интуиција, внимание и меморија.

Кога мажите се заљубуваат, поголема активност се појавува во деловите одговорни за визуелна обработка. Мажот речиси веднаш знае дали сака да биде во врска со одредена девојка според нејзиниот изглед.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg