20 совети за животот од тибетските мудреци
Животот е еден, живејте го со полн здив и признајте си ги грешките.
Овие едноставни правила ќе ви го направат животот поубав и полесен за живеење.
Избегнувајте лоши луѓе и запомнете дека љубовта е најважна.
Еве 20 инструкции за живот од тибетските мудреци:
1. Ти се допаѓа нешто – кажи.
2. Не ти се допаѓа нешто – кажи.
3. Сакаш да бидеш јасен – објасни.
4. Ако си погрешил – веднаш кажи го тоа и не барај оправдувања за себе.
5. Секогаш имај на ум дека секој има своја вистина и дека таа често нема да се поклопува со твојата.
6. Не комуницирај со лоши луѓе.
7. Во животот најважна е љубовта, сè друго е споредно.
8. Човековите проблеми постојат само во неговата глава.
9. Твоето опкружување не е ниту злобно, ниту добро, нему му е сеедно дали си тука или не.
10. Обиди се да извлечеш задоволство од секој настан.
11. Секогаш имај на ум дека немаш друг живот.
12. Не биди здодевен.
13. Запамети дека никому, ништо не должиш.
14. Не жали за времето и парите што си ги потрошил на задоволство на спознавање на светот.
15. Во животот секогаш сметај само на себе.
16. Верувај им на своите чувства.
17. Биди трпелив.
18. Живеј денес, затоа што вчера помина, а утре може нема да дојде.
19. Знај дека денешниот ден е најдобриот ден.
20. Кога ќе бидеш лошо расположен, сети се дека кога ќе умреш, тоа нема да го имаш.
С. С. | Црнобело