Мажите со мали гениталии се сметале за попривлечни: 9 интересни факти за Античките Грци
Од бизарни лекови и начини на дијагностицирање на болести до чудни идеали за убавина, во античка Грција многу работи биле поинакви.
Филозофи, антички градби и митологија се првите работи што ни паѓаат на ум кога ќе помислиме на античка Грција.
Но, луѓето таму правеле и некои луди работи од кои модерниот човек може да поцрвени.
Овие 9 факти за Античките Грци можеби не сте ги слушнале досега:
Докторите ја вкусувале нечистотијата од ушите на пациентот за да ја дијагностицираат болеста.
Тие верувале дека сите течности на човечкото тело имаат специфичен вкус и промената може да посочува на некоја болест.
Така што ако сте пациент таму не било чудно ако докторот ви го стави прстот во уво и потоа го лизне.
Потта на атлетите била користена за да ја намали мускулната тензија.
Пред вежбање атлетите се премачкувале со маслиново масло. Потоа маслото заедно со потта и прашината со помош на специјални метални стругалки била отстранувана и ставана во шише.
Мешавината се продавала за медицински цели како што е намалувањето на мускулната тензија.
Биле користени чудни лекови за жените.
Грците верувале дека жените се премногу чувствителни на нечистотија и загадување. Затоа се користеле многу чудни методи за нивно лекување.
На пример, во случај на спонтан абортус, една жена морала да пие смеса на вино и секрет од муле.
Жените се труделе да ја избегнат бременоста со кивање.
Според општото верување, за да се спречи бременоста жените морале да кивнат веднаш по сексот. Како што можете да претпоставите, методот бил бескорисен.
Биле користени камења и сунѓери наместо тоалетна хартија.
Тогаш немало тоалетна хартија, па се бришеле со помош на камења и керамика.
Побогатите пак имале подобро опција – го правеле тоа со сунѓер прицврстен за стап.
Телата на починатите биле прицврстувани со камења во гробовите
Во некои древни грчки гробови, археолозите пронашле камења на рацете, нозете и главите, прицврстувајќи ги мртвите во нивните гробови. И покрај напредната мисла и Грците имале свои предрасуди и стравови.
Мажите со мали гениталии се сметале за многу атрактивни.
Антички Грци имале свои стандарди за машка убавина. Статуите на боговите, хероите и атлетите се направени како силни, фит мажи без влакна и со мали гениталии.
Големиот пенис се сметал за вулгарен и неатрактивен.
Атлетите во гимназиите вежбале голи.
Во грчките гимназии, луѓето немале униформи и вежбале сосема голи. Тие што се срамеле од своите тела биле поврзувани со варварски начин на размислување.
Фрлање јаболко на девојка имало значење како да ѝ кажете „те сакам“.
Денес се даваат чоколади и цвеќе, но во античка Грција за да ѝ кажете на девојка дека ја сакате требало да ѝ фрлите јаболко. Чудниот гест можел да значи и предлог за брак.
С. С. | Црнобело