Кој е најдобриот совет кој некогаш сте го добиле? Животни совети во една реченица

Сигурно досега сте слушнале многу совети во животот, од вашите баби и дедовци од вашите родители и пријатели, но најдобрите совети секогаш сте ги научиле на најтежок начин и ви стануваат еден вид на мото според кое живеете.

koj-e-najdobriot-sovet-koj-ste-go-dobile-zivotni-soveti-vo-edna-recenica-1.jpg

Добра практика е сепак да ги запишувате најдобрите совети кои ги добивате и кои ви имаат смисла. Еве неколку кратки животни совети во една реченица во кои би можеле да се пронајдете:

1. Ако се двоумите во карактерот на еден човек, погледнете кои му се пријатели.

2. Бидете личноста кое вашето куче мисли дека сте.

3. Простете не затоа што другите го заслужуваат тоа, туку поради тоа што вие го заслужувате тоа.

4. Светот не ви должи ништо.

5. Не можете да контролирате што ви се случува во животот, но можете да контролирате како ќе реагирате на тоа.

6. Подобро е да се каете за нешто кое сте го направиле, отколку за нешто што не сте го направиле.

7. Престанете да сфаќате сè толку лично.

8. Единствено вие самите сте одговорни за вашата среќа.

9. Не прифаќајте помалку од она што го заслужувате.

10. Секој од нас има некоја уникатна особина со која придонесува во светот.

11. Не постои скратен пат до успехот.

12. Престанете да се преправате дека сте некој што не сте.

13. Навистина е важно да ви се допаѓаат луѓето со кои сте опкружени, инаку животот и работата би ви биле мизерни.

14. Компарацијата е крадец на среќата.

15. Не плашете се и не бегајте од стравот.

16. Кога луѓето ќе ви покажат какви се навистина, верувајте им.

17. Љубомората нека биде ваш најголем непријател.

18. Не донесувајте одлуки кога сте лути, не давајте ветувања кога сте среќни.

19. Три работи го уништуваат човекот: стравот, алчноста и егото.

20. Не покачувајте го тонот на гласот, подобрете го аргументот.

21. Некои луѓе исчезнуваат од вашиот живот за ваше добро.

22. Ако не можете да помогнете некому, барем немојте да го повредувате.

23. Ако вие самите не верувате во себе, тогаш зошто некој друг би верувал во вас?

24. Кога губите, внимавајте да не ја изгубите лекцијата.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg