Цитати од најпродаваната американска писателка Нора Робертс

Нора Робертс е американска писателка со повеќе од 213 романи зад себе.

najubavite citati od najprodavanata amerikanska pisatelka nora roberts 01

Таа е еден од најпознатите автори ширум светот и нејзините книги често се на листите на најпродавани, како оние на магазинот „The New York Times“.

Нејзините родители имаат ирско потекло и таа себеси се опишува како Ирка во душа. Тие биле страсни читатели и Нора целиот свој живот била опкружена со книги.

Робертс во една пригода изјави: „Вие ќе бидете невработени ако навистина мислите дека треба само да седите и да чекате музата да слета на вашето рамо“. Таа се концентрира на еден роман и работи по осум часа на ден, секој ден, дури и кога е на одмор.

Нора при пишување на роман прво смислува клучен настан, ликови и околина. Потоа прави краток опис на основните елементи на приказната, па потоа започнува да го пишува воведот на романот и следните настани.

najubavite citati od najprodavanata amerikanska pisatelka nora roberts 02

Ова се дел од најубавите цитати што ги има напишано во некои од огромниот број нејзини романи:

„Некои работи во животот се надвор од ваша контрола. Можете да направите забава или трагедија од тоа.“

„Ако не тргнеш по тоа што го сакаш, никогаш нема да го имаш. Ако не прашаш, одговорот е секогаш „не“. Ако не истапиш напред, секогаш ќе бидеш на истото место.“

„Можеш да поправиш сѐ, освен празна страница.“

„Кога ќе пронајдеш личност што ја сакаш, целосно, и таа те сака тебе – дури и со сите слабости, маани, сѐ си доаѓа на место. И ако можеш да зборуваш со неа, а таа те слуша, те смее и те тера да размислуваш, прави да посакуваш, прави да гледаш кој си всушност и кој си најдобриот ти, што те прави подобра личност, ќе бидеш луд ако не сакаш да го поминеш остатокот од животот со неа.“

„Не се чувствувам обврзана во моето читање. Читам за да се забавувам и релаксирам и за да одам во друг свет, но не затоа што тоа е добро за мене.“

„Кога растеме го губиме талентот да сакаме без ограничувања.“

„Скршените срца закрепнуваат. Можеби пукнатините се секогаш таму, како мали лузни, но тие зацелуваат. Луѓето живеат и работат, се смеат и јадат, шетаат и зборуваат со тие пукнатини. За голем број дури и лузните комплетно избледуваат и тие повторно сакаат.“

„Не клоцам маж кога тој е долу, освен ако јас не сум онаа што го ставила таму. Не го спуштам долу освен ако не заслужил. И не го прекршувам мојот збор ако го дадам. Затоа ти давам збор.“

„Чувствувањето премногу е многу подобро отколку нечувствувањето ништо.“

„Ние ја правиме судбината со секој потег, со секој избор.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg