Неверојатни факти за пријателството помеѓу човекот и кучето
Кучињата се нашите најдобри пријатели со векови наназад. Со нив го делиме домот, креветот, не следат насекаде и се главни ѕвезди во нашето друштво. Но, ова неверојатно пријателство има позитивен ефект и за нас луѓето и за кучешката раса.
Еве неколку начини на кои сме си помогнале во текот на нашето долго пријателство:
1. Подобрен имунитет
Живеењето со крзнени пријатели, посебно со кучиња е докажано дека го намалува ризикот кај бебињата и децата за развој на астма, алергии и други состојби поврзани со слаб имунитет.
Некои истражувања покажуваат дека придобивките можат да започнат дури и додека бебето сè уште живее во стомакот на мајката.
Научниците сè уште не се сигурни зошто, но веруваат дека тоа е поради некоја бактерија која може да се пронајде на телото на кучето и истата има позитивен ефект врз имунитет кај луѓето.
2. Подобрен фокус
Кога вашиот телефон е полн со fotografii од вашето милениче, можеби вашите пријатели и блиски ве критикуваат, меѓутоа тоа може да ви се исплати на долга стаза.
Во експеримент направен во 2012 година, луѓето кои гледале во фотографии од кученца покажале подобри резултати на задачи за кои било потребно поголемо внимание.
Фотографиите од постари кучиња не биле толку ефективни. Истражувачите велат дека фотографиите од мали кучиња имаат позитивен ефект врз нашите емоции и менталната активност.
3. Жед за пофалби
Кучињата се социјално активни животни. Тоа е дел од причина зошто можеме да ги скротиме.
Кога тие ќе станат дел од нашиот живот, на нив сериозно им станува грижа што мислиме за нив.
Во повеќе експерименти помеѓу кучиња и нивните сопственици, кога на кучињата им бил даден избор помеѓу јадење или пофалба, тие сакале да слушнат пофалба.
4. Помалку стрес
Кога го делиме животот со прекрасно крзнено пријателче, тоа позитивни влијае врз нашиот карактер и врз нашиот стрес.
Колку повеќе време поминуваме со кучиња, толку помалку стресен ќе ни биде животот. Затоа во стресни средини, како канцеларии многу често на вработените им носат кучиња како терапија за намалување на стрес.
5. Поздраво срце
Намалениот стрес сам по себе е доволна награда, меѓутоа исто така има и други здравствени придобивки од него. Намален крвен притисок, пулс и намален ризик од било какви срцеви заболувања.
Ако си играте со кученце дури и по неколку минути на ден, на мозокот му испраќате од добрите хемикалии кои ќе ви го смират изморениот нервен систем.
6. Емпатија помеѓу човекот и кучето
Сите тие векови кои сме ги поминале во друштво на кучиња, направиле мозокот на кучето да еволуира. Во истражување направено во 2016 година, истражувачите забележале дека кучињата можат да ги прочитаат емоциите на нашето лице па дури и на фотографии.
Тие исто така знаат точно како да реагираат на тие емоции. Кучињата можеби не знаат да се смеат, меѓутоа знаат точно што е насмевка кога ќе ја видат на нашето лице.
7. Повеќе вежбање
Сопствениците на кучињата имаат многу поголема физичка активност од другите луѓе. Дали треба да го носите на шетање или едноставно трчате со него низ вашиот двор, морате многу почесто да бидете на нога, кога се грижите за друго суштество.
8. Учење на јазик
Како говорот на телото, така и нашиот јазик е уште една голема разлика помеѓу двете раси, но тоа не ги спречило кучињата да пробаат и да го сфатат нашиот јазик.
Унгарски истражувачи, со магнетна резонанса го снимиле мозокот на повеќе кучиња и нивната реакција кога слушаат добри зборови и лоши зборови. Дури и кога тонот бил неутрален, тие ги разбирале зборовите и реагирале на нив.
9. Комфорен живот
Добра вест за кучињата е што пријателството со луѓето им дава стабилен извор на храна, кров и пријателство. Тие ги развиваат способностите за преживување заедно со луѓето, учат како да живеат со нив и како меѓусебно да си помагаме да преживееме.
10. Генетска поврзаност
Врската помеѓу нас и нашите кучиња е вистинска и можеме да ја видиме дури и во крвната слика на нашето куче. Експериментите покажале дека најсоцијалните кучиња имаат генетска мутација што им прави да бидат значително позаинтересирани за луѓето.
Без овие абнормалности можеби никогаш не би ни можеле да ги скротиме кучињата и да ги направиме наши пријатели.
А. В. | Црнобело