10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Елен Деџенерис
Елен Деџенерис е еден од најпознатите комичари на денешницата. Нејзиното шоу е екстра популарно и позади неа, таа има многу долга кариера на стенд ап комичар.
Елен исто така, јавно се бори за правата на хомосексуалците, откако самата изјави дека е геј во 1997-ма година.
Таа е многу успешна во тоа што го прави, што го докажува и фактот дека Барак Обама ја награди со Претседателски медал на слободата, за нејзиниот придонес во уметноста.
Ова се неколку факти, кои можеби не сте ги знаеле за Елен Деџенерис:
1. Мајката на Елен, Бети, ја поддржува во сè што таа прави. Неа можете да ја видите во публиката, во речиси секоја епизода на шоуто.
2. Пред да се прослави, Елен работела како шанкер и како продавач на правосмукалки.
3. Таа е активен борец за правата на животните и станала вегетаријанец на 50 години.
4. Во 1997-ма година, таа првпат открила дека е геј на телевизиско шоу. Епизодата ја гледале над 45 милиони луѓе.
5. Таа никогаш не студирала на факултет.
6. Елен е единствената жена која била водител и на Оскарите и на Еми наградите.
7. Сигурно сте ги гледале шегите кои им ги прави на славните, но и во вистинскиот живот, таа секојдневно ѝ приредува „шеги“ на нејзината сопруга.
8. На Елен и била понудена улога во популарната серија „Пријатели“ пред да го започне своето шоу, но таа ја одбила.
9. Делот за Дори, во анимираниот филм “Finding Nemo”, бил напишан за неа.
10. Пред да стане комичар, таа сакале да биде професионален голф играч.
А. В. | Црнобело