Кога една лага се повторува премногу долго, народот почнува да верува - цитати на Данило Киш
Дали сте слушнале за Данило Киш? Тој несомнено е еден од најинтригантните творечки ликови на балканските простори. Неговиот книжевен опус во најмала рака може да се опише како смел и несекојдневен.
Добитник е на многубројни награди и признанија, автор на неколку монументални дела како „Гробница за Борис Давидовиќ“, „Час по анатомија“, „Псалм 44“, „Мансарда“, „Песочен часовник“ и секако незаборавната „Енциклопедија на мртвите“.
Роден е во Суботица во 1935 година, а својот живот го завршил во Париз во 1989 година.
Прифаќан и неодобруван истовремено, Киш сепак останува еден од најголемите великани на српската книжевност. Следниот пат кога ќе имате можност задолжително посегнете по некоја од неговите книги, а дотогаш уживајте во дел од неговите најдобри цитати и наѕрете како размислувал големиот прозаист:
1. Суштината на човекот, цртата која го одвојува од животните, е свесноста за сопствената смрт.
2. Национализмот е пред сè параноја. Колективна и поединечна параноја.
3. Не ги сакам луѓето кои се извлекуваат од сè како дождовни црви. Без лузни и гребаници. Комедијанти.
4. Опасно е да се чита само една единствена книга. Не се сите книги опасни, опасна е само една.
5. Писателот треба да нè увери дека знае повеќе од сите останати, а и покрај тоа, да се сомнева повеќе од сите.
6. Подобро да им припаѓам на прогонетите, отколку на прогонувачите.
7. Биди доволно храбар за да се служиш со сопствениот ум.
8. Мислев, како што луѓето размислуваат во тешки неволји, дека промената на местото ќе ми помогне да заборавам на својата болка, како божем својата несреќа не ја носиме во себе.
9. Историјата ја пишуваат победниците. Преданијата ги преде народот. Книжевниците фантазираат. Извесна е само смртта.
10. Сакам да живеам во мир со себе си, не со светот.
11. Кога една лага се повторува премногу долго, народот почнува да верува.
(O)Милена | Црнобело