„Твојот живот не припаѓа на некој маж“ - Цитати од Чимаманда Адичи
Чимаманда Адичи, борец за правата на луѓето со темна боја на кожа и на жените, писател и претприемач со нејзина сопствена линија на козметички производи.
Ако сè уште не знаете која е таа, ќе ја препознаете од вашиот омилен цитат од песната на Бијонсе „Flawless“.
„Ги учиме девојчињата да ја намалат својата тежина, да прават да изгледаат помало. Им велиме на девојчињата, можеш да имаш амбиција, ама не многу. Треба да се стремите да бидете успешни, но не многу успешни, инаку мажот ќе се чувствува под закана. Затоа што сум жена, очекувано е од мене да сакам да се омажам. Се очекува од мене да носам одлуки во животот, секогаш помислувајќи прво дека бракот е најважен.
Бракот може да биде извор на среќа, љубов и подршка, но зошто ги учиме девојчињата да се стремат кон брак, а не ги учиме момчињата исто? Ги воспитуваме девојчињата да се гледаат една со друга како конкуренција, не за работни места или достигнувања, туку за вниманието на мажите. Ги учиме девојчињата дека не можат да бидат сексуални суштества исто како момчињата. Феминист, личност која верува во социјална, политичка и економска еднаквост на половите.“
Еве неколку совети од жената која се бори за еднакви права на половите и расите:
1. Ако сакате да воспитате храбра ќерка, која ќе верува дека може да постигне сè што ќе посака, научете ја дека идејата за полови улоги не постои - тоа е обична глупост. Никогаш не ѝ кажувајте на вашата ќерка дека не смее да направи нешто само поради тоа што е девојче. „Затоа што си девојче“ не е никогаш причина за ништо.
2. Во секоја култура во светот, женската сексуалност е сè уште табу тема и е срамно да се разговара за истото. Учете ги вашите ќерки да не ја поврзуваат женската биологија со срам.
3. Учете ги вашите керќи да ја вреднуваат различноста. А, причината зошто да го направат тоа, не е за бидат фер или љубезни, туку за да бидат практични и човечни. Различноста е реалноста на нашиот свет и кога ги учите вашите керќи за тоа, ги подготвувате да преживеат во разновиден свет.
Таа мора да знае и да разбира дека сите луѓе имаат различен пат во животот и сè додека тој пат не повредува никого, тоа е валиден пат кој таа мора да го почитува. Научи ја дека не знаеме сè и не можеме да знаеме сè за животот. И религијата и науката имаат простор да откриваат нови работи, кои сè уште не ги знаеме, и доволно е да сме во мир со тоа.
Научи ја дека никогаш не треба да ги прави своите стандарди и искуства според другите. Научи ја дека нејзините стандарди се само за неа, не за другите луѓе. Ова е единствената форма на скромност - реализацијата дека различноста е нормална појава.
4. Никогаш не треба да се однесувате како вашиот живот да припаѓа на некој маж. Твојот живот припаѓа на тебе и само на тебе.
5. Секако дека не треба да се грижите за тоа дали мажот ќе се чувствува заплашено од вашиот успех. Мажот кој би бил заплашен од мене е баш таков маж за кого никогаш не би била заинтересирана.
6. Ги учиме девојчињата да се грижат за тоа што мислат момчињата за нив. Но, никогаш спротивно од тоа. Не ги учиме момчињата да се грижат дали ќе бидат доволно посакувани. Поминуваме многу време учејќи ги девојчињата дека не треба да бидат лути, агресивни или силни, што како да не е доволно лошо, па им простуваме на момчињата за истото однесување. Насекаде низ светот има толку многу статии од списанија и книги кои им кажуваат на жените што да прават, како не смеат да се однесуваат за да заведат и да задоволат некој маж... Има многу помалку такви прирачници за мажи.
7. Ако не разбирате, секогаш прашувајте прашања. Ако ви е неудобно да прашувате, кажете дека ви е неудобно, но сепак прашајте. Лесно е да се забележи дали прашањето има добро намера. Тогаш слушајте уште. Понекогаш луѓето само сакаат да бидат слушнати. Тоа е можност за отварање на нови пријателства, врски и разбирање.
8. Основната дефиниција за феминизмот е маж или жена кој вели: „Да, има проблем со половата дискриминација денес и треба тоа да го поправиме, мора да бидеме подобри од ова. Сите ние и мажите и жените мора да бидеме подобри.“
9. Машкоста е тежок, мал кафез и ние ги ставаме момчињата во тој кафез.
10. Најлошата работа која им ја правиме на мажите е што им кажуваме дека мора да бидат цврсти и ги оставаме со лесно ранливо его. Колку посилен мажот мисли дека треба да биде, толку е поранливо неговото его.
А. В. | Црнобело