15 убедувања од детството кои ве кочат да бидете среќни
Ниту еден возрасен нема непогрешливи упатства за одгледување на децата, па може само да се обиде да биде добар во родителството. Но, не секогаш е така.
Убедувањата на родителите се најчесто „копија“ на она што во нивната глава го всадиле нивните родители, и сè така по ред. Сепак, не се нималку наивни, бидејќи во голема мера може да го обликуваат животот на децата, на позитивен или негативен начин.
Мислењата на возрасните за парите, љубовта, здравјето се врежуваат во умот од најрана возраст, па многу веројатно е токму поради нив да имате проблеми со врските, финансиите или пронаоѓањето внатрешен мир во подоцнежните фази од животот.
Колку од овие убедувања сте ги слушнале во детството?
1. Парите не растат на дрво.
2. Само лошите луѓе имаат многу пари.
3. Ако малку ти се посреќи, сигурно ќе изгубиш нешто наскоро.
4. Јас не заслужувам убави нешта.
5. Парите носат неволја.
6. Не заслужувам љубов.
7. Должност ми е да се жртвувам за другите.
8. Добрите сопруги никогаш не се ставаат себеси на прво место.
9. Лошите работи секогаш им се случуваат на добрите луѓе.
10. По голема среќа, секогаш доаѓа несреќа.
11. Сè што правиш, мора да го правиш подобро од сите други.
12. Луѓето кои не завршиле факултет се помалку вредни.
13. Солзите се знак за слабост, па никогаш не смеам да плачам пред другите.
14. Кога сè ќе тргне наопаку, готово е.
15. Никој не сака чудаци.
Ако во овие негативни фрази ги препознавате убедувањата со кои сте израснале, најпрво сфатете дека тие се само зборови, а не афирмации кои по секоја цена мора да го илустрираат и вашиот живот.
И онака, повеќето од нив се или предрасуди или празни верувања, а кои само ве кочат на патот до вистинската среќа.
Затоа, добро размислете како ќе ги замените, бидејќи никогаш не е доцна да бидете сè она што отсекогаш сте посакувале.
М. А. | Црнобело