20 мотивациони цитати за добар почеток на денот

Понекогаш малку, а добро одбрани зборови можат да ја променат нашата моментална перцепција кон животот.

20-motivacioni-citati-za-dobar-pocetok-na-denot-1_copy.jpeg

Прочитајте ги овие цитати од познатите, големи умови и размислете како подобро да се мотивирате и надоградите како личности.

1. „Сонува оној кој го пронаоѓа патот до месечината. Негова казна е тоа што го гледа утрото пред сите останати.“ – Оскар Вајлд

2. „Јас сум оптимист. Не ми изгледа корисно да бидам нешто друго. “ - Винстон Черчил.

3. „Доколку го гледате она што го имате во животот, вие секогаш ќе имате повеќе. Доколку го гледате она што го немате во животот, никогаш ништо нема да ви биде доволно.“ – Опра Винфри

4. „Оној момент кога ништо не учите, мислам дека вие сте мртви.“ – Џек Николсон

5. „Верувам дека постои внатрешна моќ која создава победници и губитници. А, победници се оние кои ја слушаат вистината што им ја зборува срцето.“  - Силвестер Сталоне.

6. „Љубовта не е резултат на сексуалното задоволство, туку сексуалното задоволство е резултат на љубовта.“-  Ерих Фром

7. „Запомнете дека некогаш е неверојатна среќа да не го добиете она што го сакате. “ - Далај Лама.

8. „Никој не губи никого, бидејќи никој не поседува никого.” – Пауло Коелјо

9. „Може да си осамен дури и тогаш кога многу луѓе те сакаат, ако на никому не си еден и единствен. ” – Ана Франк

10. „Давањето сè од себе во овој момент ве става во подобра положба во наредниот момент.“ – Опра Винфри

11. „Да оставите гневот да тлее во вас е како да подигнете од земја вжештен јаглен со намера да го фрлите кон друг; вие сте тој на кого му гори раката." – Буда

12. „Илјадници свеќи можат да бидат запалени од една свеќа и животот на таа свеќа нема да биде скратен. Среќата никогаш не се намалува кога ја делиш со другите." – Ганди

13. „Детството е родител на личноста." – Сигмунд Фројд

14. „Сомнежот е брат на срамот. “ -Ерик Ериксон

15. „Единствениот човек кој е образован, е оној кој научил како да се менува”. – – Карл Роџерс

16. „Кога гледам во светот, станувам песимист, но кога гледам во луѓето јас сум оптимист”. – Карл Роџерс

17. „Единствените нормални луѓе се оние кои не ги познаваш доволно добро.” -Алфред Адлер

18. „Не се давите кога ќе паднете во реката, се давите кога оставате таа да ве потопи.” – Пауло Коелјо

19. „Образованието на умот без образование на срцето не е никакво образование. ” – Аристотел

20. „Можеме да се жалиме затоа што розините грмушки имаат трња или да се радуваме затоа што трњата имаат рози“ – Абрахам Линколн

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg