18 цитати кои нè инспирираат да бидеме подобри луѓе секој ден

Во животот најважно е да верувате во вашите соништа.

18-citati-koi-ne-inspiriraat-da-bideme-podobri-lugje-sekoj-den-001.jpg

Мартин Лутер Кинг помладиот бил баптистички свештеник, познат по своите ораторски вештини, чии зборови останале како мотивација за сите луѓе да станат подобри личности.

1. Темнината не може да истера темнина, тоа го може само светлината. Омразата не може да истера омраза, само љубовта може да го направи тоа.

2. Јас одлучив да се држам до љубов, омразата е премногу тежок товар за носење.

3. Љубовта е единствената сила која непријателот може да го претвори во пријател.

4. Вера е кога ќе го направите првиот чекор, иако не можете да ги видите сите скалила.

5. Нашите животи започнуваат да завршуваат оној ден кога ќе започнеме да молчиме за работите кои навистина ни се важни.

6. На крајот нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели.

7. Ако не можеш да леташ тогаш трчај, ако не можеш да трчаш тогаш оди, ако не можеш да одиш тогаш ползи, но што и да правиш – продолжи да се движиш напред.

8. Само во мракот може да се видат ѕвездите.

9. Не дозволувај некој да те повлече толку ниско за да го мразиш.

10. Интелигенција плус карактер – тоа е целта на вистинското образование.

11. Човек кој не е подготвен да умре за нешто, тогаш не е подготвен ни да живее.

12. Оној што пасивно го прифаќа злото, тој во иста мера е вмешан во него како и оној кој го помага неговото спроведување.

13. Не можат да ви се качат на грбот, освен ако не ви е свиен.

14. Најважното прашање во животот е: „Што правиш за другите?“.

15. Секогаш е вистинско време да се направи вистинската работа.

16. Никогаш немојте да заборавите дека сето она кое го правел Хитлер во Германија, било легално.

17. Ништо не се заборава побавно од навредата и ништо побрзо од добрината.

18. За мене најголема трагедија не е да се умре млад, туку да се живее 75 години, а да не се проживее ништо.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg