Чаша вино е добро за здравјето, а две чаши - уште подобро
Февруари, месец на љубовта или виното? Ние ги бираме и двете. Во пресрет на еден од најинтересните христијански празници Св. Трифун, време е за големи количини од омилената црвена алкохолна течност.
Споделете шише добро вино со пријателите или саканите, а овие цитати нека ви послужат како добра инспирација за чинот:
1. Виното е доказ дека Господ нé сака и сака да бидеме среќни.
2. Готвам со вино, а понекогаш дури го додавам и во храната.
3. Сите сме смртни до првиот бакнеж и втората чаша вино.
4. Младоста ни дава љубов и рози, возраста ни остава пријатели и вино.
5. Виното е сончева светлина кое се држи со помош на водата.
6. Во виното е вистината.
7. Шишето вино моли да биде поделено, никогаш не сум сретнал скржав љубител на вино.
8. Виното може да биде подобар учител од мастилото.
9. Велат дека чаша вино е одлично за здравјето. Значи две чаши е уште подобро...
10. Во шише вино има повеќе филозофија отколку во сите книги на светот.
(O)Милена | Црнобело