20 факти кои не сте ги знаеле за Антарктикот - За да работите таму, мора да ги извадите умниците
Најверојатно веќе сте запознаени со основните факти за Антарктикот, како на пример дека тоа е најстудениот, најсувиот и најветровитиот континент на Земјата. Сигурно исто така знаете и дека Антарктикот е всушност пустина и покрај тоа што се верува дека таму се наоѓа 70% од водата за пиење на планетава.
Но, дали знаевте дека ако сакате да работите на Антарктикот мора да ви бидат извадени умниците или дека кога би се вратиле неколку милиони години назад во времето и би го посетиле Антарктикот, би го виделе обраснат со палми.
Прочитајте ги следниве 20 факти кои ќе ве остават вчудоневидени:
1. Не можете да работите на Антарктикот доколку не ви се претходно извадени умниците и слепото црево.
2. Антарктикот е најсувото место на земјината топка.
3. Антарктикот има сопствен интернет домејн.
4. Пред 53 милиони години, на бреговите на Антарктикот растеле палми.
5. Металика има одржано концерт на Антарктикот насловен „Freeze ‘Em All“, име инспирирано од насловот на еден од нивните албуми.
6. Порано имало нуклеарна централа за производство на електрична енергија на Антарктикот.
7. Антарктикот има сопствена противпожарна служба.
8. Постојат 1.150 различни видови на габи кои се идентификувани дека можат да преживеат на Антарктикот.
9.Технички, Антарктикот се наоѓа истовремено во сите временски зони.
10. На Антарктикот не живеат поларни мечки, тие живеат само на Арктикот.
11. Покрај другите работи на Антарктикот има и бар. Тоа е најјужниот бар на светот.
12. Најладниот ден на Антарктикот бил забележан на 21 јули во 1983-тата година, со температура од -89,2 целзиусови степени.
13. Антарктикот е петтиот најголем континент и е поголем од Европа и од Австралија.
14. 99% од Антарктикот е прекриен со мраз, но сепак под сиот тој мраз има земја.
15. Од прилика, 70% од питката вода на светот се наоѓа на Антарктикот.
16. Трансантарктичките планини го делат Антарктичкиот континент на источен и западен дел.
17. До 1820-та Антарктикот не се сметал за континет и не било познато неговото постоење. Наместо тоа се мислело дека на тоа место постои само група острови.
18. Првиот човек кој стапнал на Јужниот пол бил Норвежанецот Роалд Амундсен на 14-ти декември, 1911-та година.
19. 12 земји од светот, по серија тајни преговори, имаат потпишано Договор за користење на континентот за мировни активности.
20. Првото дете родено на Антарктикот бил Емилио Палма во jануари,1979-та година.
(O)Милена | Црнобело