15 животни лекции на Далај Лама за вистинските вредности

Далај Лама е еден од најпознатите мудреци, чии животни принципи се одликуваат со неверојатна јасност и едноставност.

15-zivotni-lekcii-na-dalaj-lama-za-vistinskite-vrednosti-01.jpg

И покрај разликите во јазиците, неговите мудри зборови ги разбираат сите, бидејќи тој зборува со јазикот на срцето.

Ова се неговите мудрости:

1. Целта на животот - да бидеме среќни. Не знаеме што ќе се случи во иднина, но нашето срце живее во надеж. Тоа е она што ни помага да продолжиме понатаму.

2. Просперитетот доаѓа благодарение на нашите дејства, а не благодарение на нашите молитви.

3. Ароганцијата никогаш не е оправдана. Таа произлегува од ниската самопочит, или од привремени, површни достигнувања.

4. Тишината е понекогаш најгласниот одговор.

5. Луѓето постојат за да бидат сакани, а нештата за да бидат користени. Светот е во хаос затоа што сè е обратно.

6. Сочувството нема никаква врска со религијата. Тоа е човечка особина и единствен услов за опстанок на човештвото.

7. Ако можеш да помогнеш – помогни. Ако не, барем не прави штета.

8. Нашите непријатели ни нудат одлична прилика за вежбање на трпеливоста, истрајноста и сочувството.

9. Не заборавајте дека најдобра врска е онаа во која вашата заемна љубов, ја надминува вашата заемна потреба.

10. Верувам дека вистинската религија е доброто срце. Мојата религија е многу едноставна. Мојата религија е добрината.

11. Живејте добар и чесен живот. Така во староста, кога ќе се сеќавате на него, ќе уживате по втор пат.

12. Големите промени почнуваат од еден поединец; за да постигнеме мир во светот, потребен е внатрешен мир и спокој во секој од нас. Секој од нас може да даде свој придонес.

13. Секој од нас е одговорен за целото човештво. Во тоа е едноставноста на мојата религија. Нема потреба од храмови, нема потреба од комплицирана филозофија. Нашиот ум – тој е наш храм, а нашата филозофија е добрината.

14. Ширете ја добрината секогаш кога тоа е можно. А, секогаш е можно.

15. Не дозволувај постапките на другите луѓе да го уништат твојот внатрешен мир.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg