Моќни изреки кои ќе ви го насочат мозокот на правиот пат

За да го промените животот, мора да ги промените мислите. Мора да се ослободите од сопствените ограничувања. Само тогаш ќе добиете сила да се вивнете во височините на животот.

mokni-izreki-koi-ke-vi-go-nasocat-mozokot-na-praviot-pat-1.jpg

Оваа збирка од мудри и моќни изреки и цитати ќе ви ги насочи мислите кон правиот пат:

1. Прави добро и чувствувај се добро. Прави лошо и чувствувај се лошо. Толку е едноставно.

2. Ти си она што ќе направиш денес, не она што ќе кажеш дека ќе го направиш утре.

3. Ако никогаш не се борите за ништо, засекогаш ќе останете паднати на коленици.

4. Ако мислите како сите останати, тогаш не мислите.

5. Најнесреќните луѓе во светот се оние кои се грижат што ќе помислат другите.

6. Постои огромна доза на слобода која доаѓа кога ќе престанете работите да ги сфаќате лично.

7. Грижите им даваат големи сенки на малите работи.

8. Подобро е да не понудите изговор, отколку да нудите лоши изговори одново и одново.

9. За да добиете нешто што никогаш претходно не сте го имале, мора да направите нешто што никогаш претходно не сте го направиле.

10. Најтешката работа која мора да ја направите и правилната работа честопати се едното исто.

11. Храброст е да бидеш преплашен до смрт, а потоа да направиш чекор понатаму.

12. Тоа што не знаете точно каква иднина ве очекува е добра работа.

13. Моменталната радост никогаш не е вредна за долготрајна болка.

14. Трпението може да биде горко, но семките кои ќе ги посадите ќе израснат слатко овошје.

15. Работите кои вие ги земате здраво за готово, се нечија секојдневна молитва.

16. Животот не се состои во тоа да имаш големи имоти, туку во тоа да имаш неколку желби.

17. Вистинската твое богатство е онолкаво колку што ти ќе вредиш кога ќе ги изгубиш сите пари.

18. Успехот не е клучот до среќата. Среќата е клучот до успехот. Ако го сакаш тоа што го правиш, ќе бидеш успешен.

19. Бидете подготвени кога можностите ќе пристигнат. Среќа е кога подготовките и можностите ќе се пресретнат.

20. Среќата се здружува со оној кој се осмелува.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg