20 закони на животот кои секој треба да ги запамети

Во животот постојат правила и закони кои ни помагаат да ги разбереме работите кои се случуваат околу нас, па и да се соочиме со тешкотиите.

20-zakoni-na-zivotot-koi-sekoj-treba-da-gi-zapameti-01.jpg

20 правила по кои функционира светот:

1. Законот на сличност

Во нашиот живот не постојат случајни средби. Свесно или несвесно ние ги привлекуваме луѓето кои се слични на нас.

2. Законот на придвижување

Кога некоја личност посакува нешто невозможно, таа мора да најде сличен интерес кој ќе може да го постигне.

3. Законот на „Боб“

Кога Боб имам проблем со сите, вообичаено, проблемот е во Боб, не во другите.

20-zakoni-na-zivotot-koi-sekoj-treba-da-gi-zapameti-1.jpg

4. Законот на потиснување

Мислите и дејствата кои една личност ги потиснува во себе, вообичаено излегуваат на виделина, тогаш кога најмалку очекува и посакува да излезат.

5. Законот на бариера

Кога одредена личност се соочува со исклучителна и ретка можност, мора сам да одлучи дали ќе ја премине бариерата (комфорната зона) и да се соочи со новите можности.

6. Законот на табла

Сите плаќаме за нашите дела. Акцијата, секогаш води кон реакција, еднаква на акцијата. На нас останува да одлучиме што ќе правиме. Исто така, избегнувањето на неуспеси, нема да ве направи среќни.

7. Законот на затворена врата

Нашиот живот се состои од низа избори. Секогаш имаме избор да направиме нешто или да одлучиме нешто. Но, не секогаш ги правиме вистинските избори. Кога една врата ја отвораме, друга ја оставаме затворена. Така, секогаш постои можност за одредена загуба.

20-zakoni-na-zivotot-koi-sekoj-treba-da-gi-zapameti-2.jpg

8. Законот на привлечност

Секој од нас ги привлекува работите на кои се фокусира, свесно или несвесно. Животот не ни го дава тоа што го сакаме, туку тоа што несвесно го очекуваме.

9. Законот на ограничен број (I)

Има настани кои се случуваат против наша волја, тие настани не се очекувани и не можеме да бидеме одговорни за нив.

10. Законот на ограничен број (II)

Не можеме да имаме сè во животот. Секогаш ќе има нешто што ни недостасува. Тајната на среќата е да бидете способни да бидете задоволни со тоа што го имате во животот.

11. Законот на законите

Ако некој настан се случи еднаш може да се смета како случаен инцидент, ако се случи двапати, како коинциденција, но ако се случи трипати, тогаш е регуларност.

12. Законот на промена

Ако сакате да ви се промени животот, морате да ги земете околностите во свои раце. Животот не можете да си го промените со пасивност, чекајќи работите сами да ви дојдат или да ви се случат.

13. Законот на такси

Колку подолго патувате, толку повеќе плаќате. Ако не кажете точно по која рута сакате да се движите, другите ќе одберат за вас. Колку повеќе одите во погрешна насока, толку повеќе ќе ве чини патот.

20-zakoni-na-zivotot-koi-sekoj-treba-da-gi-zapameti-3.jpg

14. Законот на мислата

Светот околу нас е одреден од светот во нас, нашите внатрешни мисли. Не барајте причини за неуспех надвор, туку во себе.

15. Законот на пола пат

Во врските, посебно оние љубовните, постои законот на пола пат, тоа значи дека секогаш мора да сте во потрага по компромис, ако сакате да бидете среќни.

16. Законот на хармонија

Секој човек е во потрага по хармонија, а за да ја пронајде хармонијата надвор од себе, мора прво да биде во хармонија со себе.

17. Законот на огледала

Она што ве нервира кај другите, вообичаено го поседувате и самите и несвесно ве нервира и кај вас. Тоа е така затоа што сите имаме несвесна тенденција да се проектираме во другите.

18. Законот на верижна реакција

Ако дозволите одредена негативна емоција да завладее со вас, таа ќе повлече серија други негативни емоции кои потоа ве влечат само надолу. Истото важи и за нереалните соништа и очекувања.

19. Законот на себе оценување

Како гледате на себе, така и другите ќе гледаат на вас. Ако себеси се прикажувате во негативно светло, тогаш и другите ќе ги гледаат истите негативни карактеристики и обратно.

20-zakoni-na-zivotot-koi-sekoj-treba-da-gi-zapameti-4.jpg

20. Законот на суштината на животот

Сите ние излегуваме од празнината, се обидуваме да ја најдеме смислата на животот и повторно запаѓаме во празнина. Секој си има своја смисла на животот, која се менува со годините. А, можеби најважната смисла на животот е самиот живот?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg