9 вистини кои секоја девојка треба да ги знае до 21 година

Адолесценцијата е период во кој младите мислат дека поминале низ многу нешта и дека веќе имаат стекнато многу искуства во животот.

9-vistini-koi-sekoja-devojka-treba-da-gi-znae-do-21-godina-001.jpg

Сепак, факт е дека на 21 година сте виделе и знаете сосема малку за животот и за тоа што сè ве очекува понатаму.

Но и покрај тоа, на оваа возраст постојат работи кои веќе би требало да ги знаете и да ги почитувате како свои непишани правила.

Дел од нив се следниве:

1. Пијте јаболков оцет

Водата збогатена со јаболкова киселина има одлично влијание врз дигестивниот систем. Покрај тоа, таа помага за одржување на чиста кожа, без појава на проблеми со мозолчиња и акни.

2. Чистење на собата без „добра причина“ за тоа

На сите ни се случува понекогаш да имаме премногу обврски и домот или собата да ни бидат во хаос неколку дена. Сепак, тоа не смее да ви стане навика или изговор за постојано да живеете во хаос.

3. Користете заштита. Секогаш!

Тоа е најдобриот начин да се заштитите од обврски за кои сè уште не сте подготвени, но и начин како да го одржите вашето здравје, без да морате подоцна да се грижите дали сте добиле некаква сексуално пренослива болест.

4. Читајте по еден класичен роман месечно

Читајте книги кои се безвременски класици и кои од вас ќе направат многу подобра и поинтелигентна личност.

5. Стекнете навика да одите во ресторан сами

Вие сте возрасна жена на која не ѝ е од пресудно значење да има некој до неа, доколку сака да отиде на ручек/вечера во ресторан. Едноставно имајте на ум дека понекогаш сте си доволни самите на себе.

6. Престанете да се надевате дека некој маж ќе се промени

Тоа нема да се случи никогаш.

7. Не го трошете времето на врски кои не ве прават среќни

Не останувајте со некого само заради тоа што се плашите дека ќе останете сами или нема да најдете некој подобар. Животот е премногу краток за да го трошите на врски кои нема да ви донесат насмевка на лицето.

8. Кога пиете, пијте еден вид алкохол

Никогаш не мешајте различни видови алкохол, бидејќи на тој начин големи се шансите да почне да ви се врти уште после 2-3 пијалаци и да го поминете следниот ден со ужасна главоболка и мамурлак.

9. Престанете да се грижите за иднината

Имате само 21 година и целиот живот е пред вас. Колку и да ви изгледа сето тоа застрашувачки и предизвикувачки, не грижете се, нештата ќе бидат во ред и сè ќе си дојде на свое место.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg