Едно влакно од коса може да издржи цело јаболко: Непознати факти за човечкото тело
Мислиме дека добро го познаваме нашето тело, големиот број процеси кои се случуваат во него и начинот на кој тоа функционира.
Сепак, факт е дека нашето тело претставува еден сложен и таинствен механизам кој понекогаш може да ги зачуди дури и лекарите и научниците.
Следните интересни факти со сигурност и вас ќе ве изненадат и зачудат:
1. Околу 5 години од животот, трошиме само на трепкање. За среќа, додека трепкаме можеме да правиме и други работи.
2. Во устатата имаме толку бактерии колку што има луѓе на светот (а, можеби и повеќе).
3. Едно човечко влакно може да издржи тежина на едно јаболко.
4. Секојдневно произведуваме по 600 ml плунка.
5. Брзината со која информациите достигнуваат до нашиот мозок изнесува околу 400 km/h.
6. Вкупната должина на сите нерви во нашето тело изнесува 75 километри.
7. Срцето во текот на една година прави околу 35 милиони отчукувања.
8. Во текот на денот вдишуваме околу 20.000 пати.
9. Луѓето можат да разликуваат 10 милиони различни бои, но едноставно не сакаат да ги паметат имињата за сите нив.
10. Ушите кај повеќето луѓе растат во текот на целиот живот, со брзина од 0,25 mm годишно.
11. Во просек, секој човек во текот на животот јаде по 35 тони храна.
12. Во текот на еден ден, крвта поминува растојание од 19.312 километри.
13. Секој ден, човекот губи по еден милион клетки од кожата, што на годишно ниво изнесува 2 килограми.
14. Момчињата имаат помалку рецептори за вкус, отколку девојчињата.
15. Во човечкиот мозок, за 1 секунда се случуваат околу 10.0000 хемиски реакции.
М. С. | Црнобело