20 совети за стилот и животот на Коко Шанел
Таа е жената со препознатлив стил која успеа да го разбранува светот на модата, да го создаде култниот „црн мал фустан“ и прекрасниот парфем „Chanel 5“.
Да, таа е Коко Шанел, жената која беше доволно храбра да го претстави својот поглед на светот кој понекогаш целосно се разликувал со општоприфатените норми и правила.
Нејзините совети се нешто од кое многу да научите не само за беспрекорниот вкус на облекување туку и за самиот животот.
1. Чувајте се од оригиналноста – во женската мода оригиналноста може да доведе до маскенбал.
2. Создавањето сопствена мода за себе може да си го дозволат само младите жени. Зрелите и постарите жени треба да ја следат класичната мода.
3. Грижата за убавината треба да почнува од вашето срце и душа, во спротивно никаква шминка нема да ви биде од корист.
4. Жените облечени во светли тонови е тешко да ги доведете во лошо расположение.
5. Чипка – најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите се секогаш добредојдени.
6. На 20 години жената има лице кои ѝ го подарила природата, на 30 она кое го создала сама, а на 40 она кое го заслужила.
7. Рацете се визит-картичка на секоја жена, нејзиниот врат е нејзина лична карта, а градите се нејзин пасош.
8. Годините не се најважното нешто во живото на жените: тие може да бидат убави на 20 години, шармантни на 40, и неодоливи до крајот на животот.
9. Парфем – невидлив, незаборавен, ненадминлив моден додаток. Тој е гласник на секоја жена, но и нејзин потсетник, каде и да оди.
10. Најдобар моден детаљ на секоја жена е згоден маж покрај неа.
11. Ништо не ја прави жената стара како исклучиво скап костим.
12. „Кога треба да користам парфем?“ – прашува една млада девојка. „Кога сакаш да бидеш бакнувана“ – одговара Коко.
13. Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе.
14. Убавината останува, а симпатичниот изглед избледува. Но жените никако не тежнеат да останат убави, тие сакаат да останат симпатични.
15. Кога нештата не ѝ одат од рака на една жена, таа знае дека мора да изгледа убаво.
16. Се верува дека е луксуз да и се спротивставите на сиромаштијата. Не, луксуз е да се спротивставите на вулгарноста.
17. Луѓето со добар вкус носат бижутерија. Сите останати мораат да носат злато.
18. Не се обидувајте да се подмладувате, на 50 години никој не е млад. Но затоа на светот има многу 50-годишни жени кои изгледаат далеку попривлечно од младите несредени жени.
19. Главното нешто кај една жена не е нејзината облека, туку убавите манири и мудроста.
20. Слобода – таа е секогаш во мода.
М. С. | Црнобело