Би сакал да умрам како поет: 15 цитати на неповторливиот Боб Дилан
Името Роберт Ален Цимерман веројатно не ви значи ништо, но се споменува Боб Дилан и веќе имате одредена претстава за ликот.
75-годишна американска легенда конечно влезе во престижниот круг на добитници на Нобеловата награда за литература.
Веста предизвика задоволство и бурни аплаузи од една, и лавина од негативни коментари и негодувања, од друга страна.
Едно е сигурно, Шведската кралска академија направи вистинска револуција со одлуката, отварајќи го прашањето дали песните може да имаат иста уметничка вредност како и поезијата и прозата.
Боб Дилан очигледно создаде нова поетска експресија и светот се поклонува пред него.
Неговите песни инкорпорираат филозофски, општествени и политички моменти.
Ненадминатиот текстописец сепак изјавува дека себеси првенствено се доживува како поет и сака да умре запаметен како таков.
Со последното престижно признание, неговата желба е исполнета.
Ова се 15 интимни мисли на Дилан и веруваме дека ќе се пронајдете во неколку:
1. Никој не е слободен, дури и птиците се врзани за небото.
2. Сè што можам да направам е да бидам јас, кој и да е тој човек.
3. Сета вистина на светот се сумира во една голема лага.
4. Тешко е да се пронајде инспирација. Мора да ја зграпчите каде и да налетате на неа.
5. Да се биде забележан е товар. Исус го распнаа затоа што луѓето го забележаа. Затоа јас исчезнувам многу.
6. Зборувам за сите нас. Јас сум говорникот на цела една генерација.
7. Сите овие муабети за еднаквост. Единствената заедничка работа на луѓето е што сите ќе умрат.
8. Себеси се сметам прво за поет, а потоа за музичар. Живеам како поет и би сакал да умрам како поет.
9. Ќе ти дозволам да бидеш во моите соништа, доколку и јас сум дел од твоите.
10. Некои формули се пресложени и јас не сакам да имам ништо со нив.
11. Го прифаќам хаосот, но не сум сигурен дека тој ме прифаќа мене.
12. Непостојан сум, дури и кон себеси.
13. Не постои ништо толку стабилно, како промената.
14. Јас сум против природата. Воопшто не ја сакам природата. Мислам дека природата е многу неприродна. Мислам дека единственото природно нешто се соништата, коишто природата не може да ги допре со гниење.
15. Луѓето во моите песни, сите сум јас.
(О)Милена | Црнобело