Цитати за ситуациите кога сте разочарани и немате сила да продолжите во потрагата по љубов
Љубовта е прекрасна, но умее и да боли, а понекогаш имате чувство на разнишаност и тага, чувство како да се распаѓа целиот свет околу вас после доживеаниот љубовен бродолом.
Овие цитати се наменети за сите оние кои се разочарале од љубовта и немаат сила да продолжат понатаму.
„Надежта умира последна“, важи и за оваа конкретна ситуација, кога имате чувство дека никогаш нема да пронајдете соодветен партнер.
Послушајте ја старата македонска „Што е мое ќе си дојде“ и потсетете се дека „За секое тенџерче има и капаче“.
Уживајте во прекрасните цитати и не губете ја вербата во љубовта:
1. „Во секое живо суштество постои желба за љубов.“ – Д.Х. Лоренс
2. „Најсилната љубов е онаа која ја прикажува својата кршливост.“ – Пауло Коелјо
3. „Таму каде што има љубов, има живот.“ – Махатма Ганди
4. „Цветот не може да процвета без сонце, а мажот не може да живее без љубов.“ – Макс Мулер
5. „Да љубиш е да се препознаеш себеси во некој друг.“ – Екхарт Тол
6. „Постои место кое може да го допрете кај една жена и да ја излудите. Нејзиното срце.“ – Мелани Грифит
7. „Ако може да сакате доволно долго, може да станете најмоќната личност на светот.“ - Емет Фокс
8. „Не постои поголема уметност од сакањето луѓе.“ – Винсент ван Гог
9. „Вистинските љубовни приказни немаат крај.“ – Ричард Бах
10. „Го губиме времето барајќи го совршениот љубовник, наместо да ја создаваме совршената љубов.“ – Тим Робинс
11. „Луѓето се вљубуваат без причина, без да го сакаат тоа. Не можеш да го предвидиш. Тоа е љубов.“ – Харуки Мураками
12. „Љубовта е најголемото освежување во животот.“ – Пабло Пикасо
13. „Освен ако не сакаш некого, ништо друго нема смисла.“ – Е.Е. Камингс
14. „Не постои лек за љубовта, освен да љубиш повеќе.“ – Дејвид Хенри Торо
15. „Да бидеш длабоко сакан од некого ти дава сила, да сакаш длабоко некого ти дава храброст.“ – Лао-Це
16. „Времето кое не е потрошено на љубов е залудно потрошено време.“ – Торквато Тасо
17. „Само во очите на љубовта можеш да пронајдеш бесконечност.“ – Сорин Церин
18. „Животот е игра дизајнирана за сите, а љубовта е наградата.“ – Тим Берглинг
19. „Да се патува во друштво на оние што ги сакаш е дом во движење.“ – Ли Хант
20. „Љубовта е треперлива среќа.“ – Калил Џибран
21. „Дојди живеј во моето срце и не плаќај кирија.“ – Семјуел Лавер
22. „Те сакам не само поради тоа што си, туку поради тоа што сум ЈАС кога сум со тебе.“ – Елизабет Браунинг
23. „Беше храбро. Беше ретко. Беше љубов и беше прекрасно.“ – Лејни Тејлор
24. „Љубовта не значи да се пронајде некој со кого ќе живееш, туку да пронајдеш некого без кого не можеш да живееш.“ – Рафаел Ортиз
25. „Родени сме од љубов. Љубовта е нашата мајка.“ – Руми
26. „Љубовта е непредвидлива. Тоа ја прави толку прекрасна.“ – Сара Десен
27. „Кога сум вљубен, се фаќам себеси како се смеам без никаква причина.“ – Николас Спаркс
28. „Ако си паметен, се грижиш. А кога се грижиш, сакаш.“ – Лорен Оливие
29. „Што е љубов? Утринска ѕвезда и ѕвезда вечерница.“ – Синклер Луис
30. „Најживи сме кога сме вљубени.“ – Џон Апдајк
(О)Милена | Црнобело