Јапонски мудрости: Не го задржувај она што заминува, не го бркај она што доаѓа
Јапонците важат за мудар народ од кој може да научите важни животни правила.
Прочитајте ги овие древни јапонски мудрости, никогаш не знаете која од нив ќе ви затреба:
1. Ако проблемот може да се реши, тогаш нема потреба да се грижиме. Ако не може да се реши, тогаш е бескорисно да се грижиме за него.
2. Не го задржувај она што заминува, не го бркај она што доаѓа.
3. Подобро е да бидеш непријател со добра личност, отколку пријател со лош човек.
4. Односот на мажот и жената треба да е како односот на рацете и очите: кога рацете болат, очите плачат; кога очите плачат, рацете ги бришат солзите.
5. Долгото патување секогаш започнува со едно кратко.
6. Убавите цветови не даваат добро овошје.
7. Тагата секогаш треба да ја оставате дома, баш како искинатиот фустан.
8. Еден љубезен збор може да те грее во текот на трите најстудени зимски месеци.
9. На будалите и лудите секогаш тргај им се од патот.
10. Седум пати провери пред да почнеш да се сомневаш во некој.
11. Претераната искреност често се граничи со глупост.
12. Богатството секогаш ќе дојде во куќа полна насмевки.
13. Ако жената нешто сака, ќе се искачи на планина за тоа да го добие.
14. Најдлабоките реки течат најтивко.
М. Д. | Црнобело