Робин Вилијамс: Никој од нас не е доволно долго на Земјата за да се грижи
Во 2014-та година, светот се збогува со Робин Вилијамс, но сепак она што тој го остави зад себе никогаш нема да биде заборавено.
Ликовите на кои тој им вдахна душа ќе останат нешто кое секогаш ќе нè потсетува на него и неговата генијалност.
Во негова чест ова се најдобрите фотографии и цитати од неговата кариера:
Робин Вилијамс ја освои публиката уште од самиот почеток и неговата прва поголема улога во „Mork and Mindy“...
„Можеби има право, сепак. Можеби кога ќе умреш се случува нешто убаво.“ – како Морк во „Mork and Mindy“.
Сè до неговата последна улога во филмот „Boulevard“, создаде кариера која траеше околу 40 години.
„Можеби никогаш не е доцна да започнеш да го живееш животот кој навистина го сакаш.“ – како Нолан во „Boulevard“.
Од секоја негова улога учевме по некоја нова лекција...
„Без оглед што луѓето ти кажуваат, зборовите и идеите можат да го сменат овој свет“ – како Џон Китинг во „Dead Poets Society“.
Тој успеа во сите нас да го пронајдете скриеното дете и да ни покаже колку е важно да го чуваме во себе.
„Да се живее... да се живее би било ужасно голема авантура“ – како Питер Бенинг во „Hook“.
„Направете го животот спектакуларен. Јас знам дека го направив мојот.“ – како Џек во истоимениот филм.
Неговата способност да нè расплаче и насмее во една иста сцена е нешто кое ретко на кого му успева.
„Комедијата може да биде катарактичен начин за справување со личната траума.“
„Дадена ти е само една малечка искра лудило. Никако не смееш да ја изгубиш.“
Но, она што најмногу ни недостасува е неговата генијална способност да нè насмее.
„Вистината е дека, ако навистина сум навлечен на нешто, тоа нешто е смеењето.“
„Насмевни се мое момче. Веќе е изгрејсонце.“ – како Теди Рузвелт во „Night at the Museum“.
Неговиот глас засекогаш ќе остане запаметен преку гласот на Џек во „Аладин“ порачувајќи ни:
„Те молам немој толку да се грижиш. Затоа што на крајот, никој од нас нема да биде премногу долго на оваа Земја. Животот е минлив. И, ако се чувствуваш потресено, насочи ги очите кон летното небо кога ѕвездите се распослани низ кадифената ноќ. И, кога ѕвездата што паѓа се движи низ темнината, претворајќи ја ноќта во ден, замисли желба и помисли на мене.“
М. С. | Црнобело