Најдоброто од Габриел Гарсија Маркез
Кога Габирел Гарсија Маркез започнал да работи на своето ремек-дело „Сто години самотија“ морал да се откаже од својата работа.
Морал да ја продаде колата и западнал во огромни долгови. Во еден момент ги продал дури и омилените фен и миксер на неговата жена само за да добие некој денар. Резултатот е извонредно дело кое наидува на одлични критики и е преведено на голем број светски јазици.
Виртуозноста на Маркез се гледа во секоја негова реченица која како совршена симбиоза на вистинските зборови знае да предизвика бура од чувства кои засекогаш остануваат врежани во нашата глава.
Делата на Маркез не се книги кои ќе ги прочитате и ќе ги ставите на некоја од повисоките полици, делата на Маркез се книгите кои ќе ги ставите најблиску до вас затоа што тоа се книги кои се читаат еднаш, двапати, трипати...
Ова се само дел од неговите најубави мисли:
- „Мораме да се обидуваме да го слушаме гласот на детето кое останало во нас. Доколку го слушаме тоа дете, нешто повторно ќе се разгори во нашите очи. во нас ќе започне.“
- “Никогаш не престанувај да се смееш, дури и кога ти е тажно некој може да се заљуби во твојата насмевка.”
- “Тајната на добрата старост не е ништо друго освен ексклузивен договор со осаменоста.”
- „Сеќавањето на срцето ги брише лошите случувања, а ги зголемува убавите. Благодарение на таа вештина успеваме да го поднесеме минатото.“
- „Во животот не е важно она што ќе ви се случи, туку она на што се сеќавате и начинот на кој го паметите.“
- „Не е вистина дека луѓето престануваат да ги следат своите соништа затоа што остареле, тие стареат затоа што престанале да ги следат своите соништа.“
- „Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној кој ги заслужува никогаш нема да те расплаче.“
- „Вистинскиот пријател е оној кој те држи за рака, а ти го допира срцето“
- „Лудите луѓе не се луди, ако ја прифатите нивната логика“
- „Не, не сум богат. Јас сум сиромашен со пари, што не е иста работа.“
- „Човек не умира кога треба, туку кога може“
- „Сексот е утеха кога не можеш да имаш љубов“
- „Открив, на моја голема радост, дека животот, а не смртта, е тој кој нема граници.“
- „Ниту еден лек не го лечи она што не може да го излечи радоста.“
- „Мудроста ни доаѓа тогаш кога од неа повеќе немаме корист“
- „Мажот знае кога остарел. Тоа е моментот кога почнува да личи на својот татко.“
- „Луѓето не се раѓаат само оној ден кога мајката ќе ги донесе на овој свет, туку животот ги тера самите да се препородат повеќе пати.“
- „Кажи му да, иако умираш од страв, кажи му да, иако можеби подоцна ќе зажалиш, затоа што, што и да направиш, цел живот ќе ти биде жал ако кажеш не.“
М. С. | Црнобело