30 животни лекции од ликовите и цртаните на Дизни
Многу од нас пораснаа со цртаните на Дизни и секако, имаат посебно место во нашите срца, пред сè затоа што нè учат на важни животни лекции.
Некои од тие лекции се да ги следиме нашите срца и соништа, да се соочуваме со стравовите и секогаш да паметиме од каде доаѓаме.
Пепелашка
1. Без разлика на тоа колку срцето тагува, ако продолжите да верувате, сонот ќе ви се претвори во реалност.
2. Сонот е желба која ја прави срцето.
3. Дури и за чудата потребно е малку време.
Кралот Лав
4. Погледнете во ѕвездите. Таму живеат големите кралеви од минатото, па секогаш кога ти се чини како да си сам, само сети се дека тие кралеви се тука за да те водат.
5. Секогаш памeти кој си и што си.
6. Сите ние сме поврзани во кругот на животот.
7. Сè што постои на овој свет постои во деликатен баланс.
8. Повтори по мене – Хакуна Матата. Тие два збора ќе ти ги решат проблемите.
9. Минатото може да боли, но како што јас гледам на работите од него можеш или да бегаш или да научиш нешто.
Покахонтас
10. Околу тебе има духови дете. Живеат во земјата, водата и небото. Ако научиш да ги слушаш ќе те водат.
11. Би умрела утре, попрво отколку да живеам 100 години и никогаш да не те запознам.
12. Тоа што најмногу ми се допаѓа кај реките е што никогаш не можете да стапнете во една иста река двапати.
13. Ако одите по чекори на непознато лице, ќе научите работи кои претходно не сте ги знаеле.
14. Слушај го срцето и ќе разбереш.
15. Понекогаш вистинскиот пат не е најлесниот.
Мулан
16. Без разлика на тоа колку силно вее ветрот, планината не може да му се поклони.
17. Цветот кој цвета за време на невреме е најредок и најубав цвет од сите.
18. Еден човек може да биде разлика меѓу победа и пораз.
19. Најголема чест и подарок е што имам ќерка како тебе.
Дамбо
20. Прифати го тоа што те прави различен.
21. Токму оние работи кои те држат на дното се истите тие кои ќе те вивнат нагоре во височините.
22. Не треба само да леташ, треба да леташ највисоко.
Бамби
23. Ако не можеш да кажеш нешто убаво, подобро не кажувај ништо.
24. Онаму каде една работа паѓа, друга расте.
25. Исплашен си, но биде пострашен од тоа што те плаши.
26. Љубовта е песна која никогаш не завршува.
Пинокио
27. Животот е сон.
28. Да се биде немирен е забавно.
29. Секогаш треба совеста да ви биде водич.
30. Никогаш не можете да бидете доволно претпазливи.
Н. Г. | Црнобело