Легендарни мисли на славниот Карл Јунг: „Осудата не ве ослободува, ве гуши“
Крал Густав Јунг можеме да го наречеме позитивен психолог и филозоф кој во секоја депресија или невроза гледал импулс за ширење на свеста.
Неколку цитати од ученикот на Зигмунд Фројд кои ќе ни помогнат да се разбереме и прифатиме себеси онакви какви што навистина сме:
1. „Не го задржувај она што излегува од тебе. Инаку, нема да дојде она кое е насочено кон тебе.“
2. „Ако човекот не успева да разбере една личност, ќе тежи да ја смета за лудак.“
3. „Најтешкиот товар кој може да лежи на детските раменици е неизживеаниот живот на нивните родители.“
4. „Вашата визија ќе ви стане појасна дури тогаш кога ќе погледнете длабоко во вашето срце. Оној кој гледа однадвор гледа само соништа, оној кој гледа однатре се буди.“
5. „Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас, не ја бркајте. Повикајте ја како гостин и послушајте ја што има да ви каже.“
6. „Во минатото тежиме кон нашите родители, во иднината, кон нашите деца, но иднината никогаш нема да ја погледнеме, ако не се грижиме за неа.“
7. „Сè што ве иритира кај другите, може да ви овозможи лично разбирање.“
8. „Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека нешто сте добиле. Тоа значи дека нешто можете да дадете.“
9. „Тоа на кое се спротивставувате – опстојува.“
10. „Осудата не ве ослободува, ве гуши.“
11. „Вашиот поглед ќе стане појасен само тогаш кога ќе можете да погледнете во сопствената душа.“
12. „Вие не сте тоа што ви се случило, туку тоа што сте одлучиле да бидете.“
13. „Само можете да мислите дека можете целосно да се контролирате себе. А, само пријателите можат да ви го кажат тоа што самите не можете да го видите.“
14. „Здравиот човек не ги мачи другите околу себе. Оние кои се мачени, во принцип, се претвораат во мачители.“
15. „Тажна е вистината дека човечкиот живот претставува склоп на контрадикторности – ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло.“
16. „Нашата личност е дел од светот кој нè опкружува, а неговата тајна е безгранична.“
17. „Осаменоста не се одликува со отсутност на други луѓе покрај вас, туку со неможност да разговарате со другите луѓе за тоа што навистина ви значи во животот.“
Н. Г. | Црнобело