Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек

Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпознатите психолози на меѓународно ниво. Познат е по тоа што го има развиено системот познат како „Психолошко аикидо“.

podobro-da-komunicirate-so-dobra-kniga-otkolku-so-rapzen-covek-01.jpg

Според него многу е важно да се разберете себеси и опкружувањето, а следниве 10 совети ќе ви помогнат при решавањето на бројни животни ситуации:

1. Ако човекот не може да каже нешто добро за себе, а сакат нешто да каже, тогаш почнува да зборува лошо за другите.

2. Гризете ја науката, а не грлото на блиските, ако сакате нешто да загризете.

3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе.

4. Никој никого не одбива, само некој оди напред. Оној кој застанал, само смета дека е одбиен.

5. Ако добро мислите за себе, тогаш зошто ви е потребен некој друг да размислува добро за вас?

6. Работете што сакате и не барајте дозвола. Нема да ја добиете.

7. Способноста сами да се сакате и да уживате во самотијата е само знак дека сте духовно зрели. Најдобро работиме кога сме сами.

8. Незрелата личност знае, но не умее. Зрелата личност не само што знае, туку и умее. Заради тоа, незрелата критикува, а зрелата дејствува.

9. Не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот - тоа е желбата да им се допаднеме на другите.

10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се размислува.

11. Сакате да откриете кој ви е главниот непријател? Погледнете во огледалото. Изборете се со тоа што го гледате таму.

12. Постигни успех - навредите ќе си заминат.

13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите е корисно.

14. Постои само една добра причина за прекин на љубовната врска или работниот однос - неможноста за личен развој во дадените околности.

15. Треба да делите само радост и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе ја одобрат, а непријателите ќе ги вознемири.

16. Не ја бркај среќата и ќе најдеш многу повеќе отколку што си очекувал. Среќата сама ќе ве најде.

17. Среќата е нус производ на добро организираното делување.

18. Ако сакате на некого нешто да докажете, тоа значи да живеете за оној на кој сакате да му докажете. Ако живеете за себе, тогаш немате потреба да се докажувате на никого.

19. Фантазијата е гласот на нашите способности. Затоа јас не фантазирам дека пеам на опера. Немам ниту глас, ниту слух. А, ако веќе сонувам, тогаш сонувам за нешто што е во склад до моите способности.

20. Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
На 32 години беше во врска со тинејџерка, зависник е од видеоигри: Факти за Хенри Кавил Актерот Хенри Кавил е вистински „чудак“ - зборува 9 јазици, а мачи мака со амери...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Тврди дека има 100 деца, бил математички гениј – Кој е Павел Дуров, основачот на Телеграм кој беше у... Павел Дуров, кој е основач на апликацијата Телеграм, потекнува од Русија, а пред...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg