Женската перспектива од неповторливите дела на Толстој

Лав Николаевич Толстој, непобедливиот мајстор на рускиот реализам, низ своите дела создал плејада ликови и карактери, анализирани низ призмата на моралните и семејните вредности.

mokjni-citati-od-zenska-perspektiva-od-nepovtorlivite-dela-na-tolstoj-01.jpg

Неговото творештво е импозантно, комплексно и преполно со женски хероини. Толстој беспрекорно ги изградил овие ликови, со богата психолошка анализа и детални, живи описи.

Можеби токму затоа е нанадминат раскажувач и познавач на човековата душа и интима.

Посебно незаборавни се женските ликови во неговите дела.

А, ова се најмоќните женски цитати и мисли излеани од перото на Толстој:

1. „Љубов. Причината поради која не го сакам тој збор, е поради тоа што ми значи премногу, многу повеќе отколку што ти можеш да разбереш “ – Ана (Ана Каренина)

2. „Да, сега разбирам сѐ“ – рече Дарија Александровна. „Не можеш да сфатиш, за вас мажите, кои сте слободни и носите свои одлуки, секогаш е јасно кого љубите. Но, жената е во позиција на исчекување, со сета женска или моминска пристојност, девојка што ве гледа вас мажите од далечина, која има доверба во сѐ – девојка која можеби има, а честопати има, такво чувство дека не може да го изјави она што го мисли“ – Доли (Ана Каренина)

3. „Дали ти се случило некогаш да почувствуваш дека нема ништо повеќе – ништо; дека сѐ што е добро, се има веќе случено? И не е всушност досадно, туку тажно?“ – Наташа (Војна и мир)

4. „Ако бараш совршенство, никогаш нема да си задоволен“ – Наталија (Ана Каренина)

5. „Секогаш те сакав, и ако некој сака некого, го сака целосно, таков каков што е, а не онаков каков што сака да биде“ – Доли (Ана Каренина)

6. „Дали ова е живот? Јас не живеам, туку чекам настан, кој постојано се одложува и одложува“ – Ана (Ана Каренина)

7. „Никогаш, никогаш не требаше да верувам дека некој може да биде толку среќен“, си шепна себеси. Нејзиното лице го осветли насмевка, но истовремено воздивна, а нејзините длабоки очи изразуваа тивка тага, сепак чувствуваше, дека покрај нејзината среќа, има и поинаков вид среќа недостижна во овој живот, на која таа недоброволно помисли во тој момент – Марија (Војна и мир)

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пораснал во религиозно семејство, не сакал да стане славен – Факти за Хозиер Иако пораснал во религиозно семејство, денес Хозиер вели дека е агностик и дека ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Бил посреќен пред да се прослави со улогата на Габриел - Кој е Лукас Браво, згодниот готвач од Emily... Emily in Paris имаше премиера на 4-та сезона, а под долгата коса, брадичката и г...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg