Далеку е потешко да се убие фантом отколку реалноста: Најдобрите цитати на Вирџинија Вулф

Аделина Вирџинија Вулф (25-ти јануари 1882 - 28-ми март 1941) била англиски писател и еден од најистакнатите модернисти на 20-от век.

Najdobrite-citati-na-virdzinija-vulf

За време на меѓувоениот период, Вулф имала значајна улога во Лондон, а била и централната личност во Блумсбери групата на интелектуалците.

Нејзините најпознати дела се романите „Г-ѓа Даловеј“ (1925), „Кон светилникот“ (1927) и „Орландо“ (1928).

Вулф страдала од сериозни ментални болести во текот на нејзиниот живот, односно од она што денес се нарекува биполарно растројство, поради што извршила самоубиство со давење во 1941-та година, на возраст од 59 години.

Ова се неколку најдобри цитати на Вирџинија Вулф:

1. Некој мора да умре, за остатокот од нас да го вреднува живот повеќе. 

2. Ако не ја кажете вистината за себе, не можете да ја каже за другите луѓе. 

3. Јас само можам да забележам дека минатото е убаво, бидејќи никогаш никој не ја сфатил емоцијата на тоа време. Таа се шири подоцна, затоа немаме целосна емоција за сегашноста, само за минатото.

4. Далеку е потешко да се убие фантом отколку реалноста.

5. Ако инсистираш на борбата за да ме заштитиш, или да ја заштитиш „нашата“ земја, разбери ме трезвено и рационално, ти се бориш за да го задоволиш сексуалниот инстинкт, што јас не можам да го споделам.

6. Си мислев колку е непријатно да бидеш заклучен надвор; но си мислев колку е полошо да бидеш заклучен внатре.

7. Во очите на другите се нашите затвори; нивните мисли се нашите кафези.

8. Јазикот е виното на усните.

9. Животот не е серија на симетрично расподелени светилки; животот е прозрачен ореол, полу-транспарентен коверт околу нас од почетокот на свеста до крајот.

10. Убавината во светот, која наскоро ќе исчезне, има два рабови, еден од смеа, еден од болка, сечењето на срцето ги раздвојува.

Би можело да ве интересира:

12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...
Забрането е да умрете во градот и уште 8 факти за животот во Лонгјир Можете ли да замислите да живеете во град каде сонцето заоѓа во ноември а изгрев...
Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди? Го помниме по улогите во филмови како Home Alone кои го одбележаа нашето детство...
Пораснал во религиозно семејство, не сакал да стане славен – Факти за Хозиер Иако пораснал во религиозно семејство, денес Хозиер вели дека е агностик и дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg