Секогаш избегнувајте големи количини на алкохол, прекумерна гордост и голем луксуз: 15 мудрости од јапонските самураи
Јапонија е земјата на изгрејсонцето, убавите цветови на цреша и самураите - вештите воини и филозофи од средниот век и почетокот на модерната Јапонија.
За нив совршенството е највисоката вредност.
Ова се 15 мудрости кои можеме да ги научиме од јапонските самураи:
1. Пред да им го кажете своето мислење на другите, размислете дали тие ќе бидат во можност да го прифатат.
2. Треба да ги поправите грешките штом ќе ги направите. Ако ова е направено без одложување, сите грешки брзо ќе ви бидат простени.
3. Оној кој прибегнува кон насилството кога е пијан не е само несовесен, туку е и кукавица.
4. Секогаш треба да се избегнат големи количини на алкохол, прекумерна гордост и голем луксуз.
5. Да поставите прашање, дури и кога го знаете одговорот е само чин на љубезност. Прашување кога не го знаете одговорот е апсолутна неопходност - никогаш не треба да бидете премногу горди за да го сторите тоа.
6. Кога ќе се судрите со неуспеси и тешкотии, од витално значење е смело и радосно да се движите напред.
7. Човекот не вреди ништо, освен ако не ја разбира вистинската вредност на сегашниот момент.
8. Оној кој не владее со своето тело и својот ум од самиот почеток, никогаш нема да ги надмине непријателите.
9. Човекот треба да ја прифати одговорноста само за она што може да го постигне во еден ден. Секој нов ден мора да се гледа како можност за постигнување на индивидуалните цели.
10. Ништо друго не е вистински важно, освен основната цел поставена за сегашниот момент.
11. Човекот секогаш треба да ја потврди вистината на секој збор.
12. Учењето ги прави природно интелигентните луѓе поумни. Но, никогаш не треба да се откажете од оние кои немаат природна интелигенција.
13. Никогаш не можеме вистински да знаеме колку се нашите претпоставки за другите вистинити.
14. Несреќата им доаѓа на оние кои веруваат дека идниот успех е неизбежен и кои поради тоа ја губат контролата врз сопствените работи.
15. Еден изговорен збор е доволен да се открие силата или кукавичлукот на една личност.
М. А. | Црнобело