Живејте за себе, а не за другите - 10 работи на кои ме научи животот

Сите имаме многу животни поуки кои често ги игнорираме. За да не се доведете во ситуација да влезете во магичен круг од грешки и каење, направете си една листа на сè она што животот ве научил.

10-raboti-na-koi-me-nauci-zivotot-01.jpg

Овие 10 работи би требало да се најдат на таа листа, па потоа вие продолжете ја:

1. Никогаш не молчете

Можеби баш и тоа не е некоја карактеристика со која човек може да се пофали, но никогаш не дозволувајте некој да мисли дека бил подобар од вас затоа што сте молчеле. Без разлика дали станува за врска, напорен шеф на работа или пак обичен разговор со пријателите, секогаш кажете го точно она што го мислите. Зошто да комплицираме кога можеме да поедноставиме, дајте му на светот до знаење што мислите вие и ќе знаете што мисли светот, нели?


2. Секогаш борете се за она во кое верувате

Без разлика колку луди вашите идеи им изгледаат на другите, секогаш верувајте во нив. Дури и кога целосно ќе помислат дека сте се мрднале од умот, докажете им со успеси дека вие навистина не си играте туку одите директно кон целта.


3. Не им давајте милион шанси на оние кои не ги заслужиле

И покрај тоа што вашата душа е кревка и добронамерна, не сите на овој свет се такви. Доколку некој повторно и повторно ве повредува и ја изневерува вашата доверба, а вие повторно и повторно му простувате со верување дека нешто ќе се промени - грешите. Всушност ништо нема да се промени, тие ќе си останат исти, а вие повторно повредени. Затоа не го трошете времето залудно со луѓе кои се тука само за да ве повредат.


4. Не се оптоварувајте со туѓи постапки

Да се биде гласот на разумот за многумина е многу тешка работа која не треба да си ја доделите сами. Од проста причина што луѓето кога ќе им го кажете она што не сакаат да го слушнат,во вас ќе видат најголем непријател, а не најголем пријател каква што била и вашата намера. Затоа наместо да се оптоварувате со непотребни кавги околу некои работи, можете само да им кажете најдобронамерен совет, но не да се нервирате со нивните постапки откако ќе одбијат да го послушаат.


5. Животот е подобар доколку се смееш

Пробајте да излезете од дома со насмевка која ќе го прекрива вашето лице. Доколку тргнете со позитивна мисла, без разлика каде ве носи патот, ќе наидете на позитивна енергија и од другата страна. Без разлика колку нечиј ден бил лош, бидете барем трошка светлина во неговото мрачно секојдневие. Затоа смејте се непрестајно, бидејќи како што рекле ако испратиш насмевка и светот ќе ти врати со насмевка.


6. Чекорете самоуверено со исправена глава

Не го поминувајте вашиот живот со погледот во земја, срамејќи се од од осудувачките погледи на општеството. Сфатете дека  нема зошто да се чувствувате на тој начин. Ако сте поразлични, поуспешни, можеби посиромашни, подебели или послаби, тоа не ве прави грешник. Едноставно тоа е дел од она кое што сте вие. Чекорете исправено со вашиот поглед упатен кон сите оние кои ве осудувале, знаејќи дека ништо не сте погрешиле.


7. Не се каете за работите кои сте ги направиле

Универзумот има добар план за вас, барем јас така научив да верувам. Сè она што се случувало и сè она што се случува е резултат на вашиот избор, без разлика дали тоа е правилно или не. Дури и да мислите после некое време дека не било правилно, во моментот кога сте го избрале тоа било одлука која се врежала под вашата кожа и немало никаква друга опција во вашата глава. Не се каете за тоа што поминало, но учете од искуствата и грешките, за да не ви се повторат во иднина.


8. Живејте за себе, а не за другите

Секогаш кога ќе правите нешто гледајте тоа да е ваша лична одлука, бидејќи се работи за вас и вашиот живот. Вашите избори треба да останат ваши, а не да бидат ваши избори  под влијание на некој трет. Сè што правите нека ве исполнува и правете го за ваша душа. Бидејќи кога на крајот ќе се завртите сакате да имате убава приказна зад себе.


9. Не се плашете од промени

Доколку сте во врска во која се чувствувате неисполнети, во куќа која едноставно ве гуши или пак во околина која не ви одговара тогаш не се плашете да промените. Раскинувањето е можеби болно како и преселувањето, но не сакате вашиот живот да го поминете секојдневно живеејќи со трулеж во кој полека ќе скапува вашето тело. Ако се чувствувате дека сакате да се избричите, ишишате кратко, да одите во теретана или да правите нешто што ќе ве исполнува, едноставно не се плашете од резултатите, трудот и времето кои ќе ги потрошите. На крајот на денот, ако таа промена ве прави среќни зошто да се плашите да ја направите ?


10. Не заборавајте да им кажете на оние кои ви значат колку навистина ви значат

Ако сакате да ги искажете своите чувства зошто да се притискате? Не се доведувајте во ситуација да лежите во вашиот кревет без можност да бидете блиску до личноста  на која требало да и кажете некоја убава работа или не дај Боже тоа да не можете воопшто да и го кажете. Ако сакате да кажете “Те сакам” направете го веднаш, ако сакате да кажете колку ви значат направете го тоа без размислување. Ќе се чувствувате исполнети, а и оние на кои сте ги упатиле вашите искрени чувства ќе ви го исполнат вашиот ден со нивната насмевка.

На крајот на денот учете од секоја ситуација, бидејќи како што поминува животот сфаќаме дека нема поголем учител од него.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тинејџерките лудуваа по него, денес не личи на поранешниот заводник - Се сеќавате ли на Факундо Аран... Кон крајот на 1990-те скорои и да немаше тинејџерка што не беше заљубена во Иво ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советск... Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му пом...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg