Познатите за љубовта: Најголемата среќа во животот е убедувањето дека сме сакани
Љубовта е највозвишена работа која може да му се случи на човек. Ги одбравме најпрекрасните мисли за машко – женските односи, заљубеноста и вистинската љубов, кажани од познати личности, писатели, актери, научници, филозофи, филантропи...
„Некои жени ги следат своите соништа. Други, пак, ги следат своите мажи. Ако се двоумите што да следите, запомнете дека вашата кариера нема никогаш да ви каже дека не ве сака повеќе.“ – Лејди Гага, американска пејачка и текстописец
„Бидете доволно храбри да ѝ верувате на љубовта секој нареден пат.“ – Маја Анџелоу, американска писателка и поетеса
„Ако сакате да кажете нешто подарувајќи цвеќе, само една единствена роза вели дека сте евтини.“ – Делта Бурк, американска актерка
„Мажот го пронашол огнот, но жената научила како да си игра со него.“ – Кендис Бушнел, американска писателка и колумнистка
„Сексот без љубов е безначајно, но проклето добро искуство.“ – Вуди Ален, американски режисер, сценарист, актер и драматург
„Освен љубовта, ништо друго нема смисла.“ – Едвард Камингс, американски писател, сликар, есеист и драматург
„Ти не ми шепна на увото, туку на срцето. Не ги бакна моите усни, туку моето срце.“ – Џуди Гарланд, американска актерка и пејачка
„Да се биде целосно разбран и сакан е човечки придонес кој се граничи со чудесното.“ – Елизабет Гилберт, американска писателка
„Најголемата среќа во животот е убедувањето дека сме сакани.“ – Виктор Иго, француски поет, новелист и драматург
„Археологот е најдобар маж кој секоја жена посакува да го има. Колку е таа постара, толку повеќе тој се интересира за неа.“ – Агата Кристи, британска писателка
„Љубовта не е чувство на приврзаност, туку постојана желба да му го дадеме сето добро на оној кого го сакаме.“ – Клајв Луис, британски писател, поет, критичар и теолог
„Бескорисно е да очекувате пијаниот, заљубениот и оној што бара работа да ги исполнат своите ветувања.“ – Ширли Меклејн, американска пејачка, актерка, танчерка и активистка
„Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Грешам, губам контрола и понекогаш е тешко да се справиш со мене. Но, ако не можеш да издржиш кога сум најлоша, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум најдобра.“ – Мерлин Монро, американска актерка, пејачка и модел
„Жените се мажат со надеж дека мажите ќе се променат. Мажите се женат надевајќи се дека тие ќе останат непроменети. На крај сите се разочарани.“ – Алберт Ајнштајн, германски физичар
„Не е недостатокот на љубов она што го прави бракот несреќен, туку недостатокот на пријателство.“ – Фридрих Ниче, германски филозоф, поет, критичар и филолог
„Губиме време барајќи го совршениот љубовник, наместо да ја создадеме совршената љубов.“ – Том Робинс, американски писател
„Од сите форми на претпазливост, најфатална за вистинската среќа е претпазливоста во љубовта.“ – Бертранд Расел, британски филозоф, математичар, историчар и критичар
„Љубовта не е гледање еден во друг, туку гледање заедно во иста насока.“ – Антоан де Сент-Егзипери, француски писател и авијатичар
„Знаеш дека си вљубен кога не можеш да заспиеш затоа што реалноста е поубава од соништата.“ – Теодор Гајзел, американски писател за деца и илустратор
„Ако ги осудувате луѓето, немате време да ги сакате.“ – Мајка Тереза, чесна сестра