Мудрости од детските книги на кои секој возрасен треба да се потсети

Животот е низа на лекции кои мораме да ги научиме и со кои мораме да се соочиме ако сакаме да продолжиме понатаму, без разлика на тоа дали се бориме со нашиот идентитет или стравови.

mudrosti-od-detskite-knigi-na-koi-sekoj-vozrasen-treba-da-se-potseti-01.jpg

Токму затоа, тука се и малите мудрости кои служат да не потсетат кој живот вреди да се живее.

Нив ги знаеме уште од малечки, но понекогаш потребно е некој да не потсети на нив.

Еве неколку мудрости од детските книги кои ниту една возрасна личност не треба да ги заборави:

1. „Ако поголемиот дел до нас ги ценеа храната, забавата и песната пред златото, светот ќе беше поубаво место“ – Џ. Р. Р. Толкин, Хобит

2. „Не вреди да сонувате, а да заборавите да живеете, запомнете го тоа“ – Џ. К. Роулинг , Хари Потер и Каменот на мудроста

3. „Велат дека светот е една голема сцена во која претставата нема проба и сите си додаваат зборови“ – Бил Ватерсон, Калвин и Хобс

4. „Ако некој не се грижи за светот, ништо нема да се промени“ – Др. Сеус, Лоракс

5. „Убаво е да мислите дека утре е нов ден без грешки“ – Л. М. Монтгомери, Ана од зелениот Габлс

6. „Еве ја мојата тајна. Многу е едноставно: Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите“ – Антоан де Сент Егзипери, Малиот Принц

mudrosti-od-detskite-knigi-na-koi-sekoj-vozrasen-treba-da-se-potseti-1.jpg

7. „Сè што треба да направите за да останете на истото место е да трчате, а ако сакате да пристигнете на некое друго место, тогаш треба да трчате дупло повеќе“ – Луис Карол, Низ Огледалото

mudrosti-od-detskite-knigi-na-koi-sekoj-vozrasen-treba-da-se-potseti-3.jpg

8. „Не смеете да се чувствувате лошо за грешките, ако се обидете да научите нешто од нив. Така можете да научите многу повеќе“ – Нортон Џастер, Фантомска куќарка

9. „Никогаш не ги правете работите половично. Бидете храбри и завршете ја целата работа. Погрижете се сè што ќе правите во животот да биде лудо и незаборавно“ – Роалд Дал, Матилда

10. „Не се плашам од невремиња, бидејќи учам како да управувам со мојот брод“ – Луиза Меј Алкот, Мали жени

11. „Моментот кога ќе се посомневате дека можете да летате, засекогаш си ја уништувате шансата да го сторите тоа“ – Ј. М. Бери, Петар Пан

mudrosti-od-detskite-knigi-na-koi-sekoj-vozrasen-treba-da-se-potseti-2.jpg

12. „Личноста која има убави мисли не може да биде грда. Може да имате искривен нос и лоши заби, но вашите убави мисли секогаш ќе успеат да излезат на виделина како сончеви зраци кои прават секогаш да изгледате прекрасно“ – Роалд Дал, Твитс

13. „Многу нешта се возможни се додека не дознаете дека се невозможни“ - Нортон Џастер, Фантомска куќарка

14. „Имате ум и стапала во чевлите. Можете да се движите во насоката во која сакате да одите и само вие можете да одлучите која е вашата цел“ – Др. Сеус, Местата каде ќе одите!

15. „Вистинска храброст е да се соочите со опасноста иако се плашите“ – Л. Франк Баум, Волшебникот од Оз

mudrosti-od-detskite-knigi-na-koi-sekoj-vozrasen-treba-da-se-potseti-4.jpg

16. „Во сите нас има надеж. Во сите нас има страв. Во сите нас има авантура. Во сите нас има нешто диво...“ – Морис Сендак, Онаму каде се дивите нешта

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg