Цитати за среќен живот: Сакајте, секогаш сакајте до болка
11. Најди време за пријателство тоа е патот до среќата
12. Искреноста и отвореноста може да ве повредат, но сепак бидете отворени и искрени.
13. Ако си успешен, ќе имаш лажни пријатели и вистински непријатели, биди успешен и покрај тоа.
14. Ако им судите на другите луѓе, нема да имате време да ги љубите.
15. Открив еден парадокс, ако сакате до болка, тогаш болката исчезнува и останува само љубовта.
16. Немојте да мислите дека вистинската љубов мора да прави извонредни нешта. Потребно е само да љубите и никогаш да не се изморите од тоа.
17. Секојпат кога некому ќе се насмеете, тоа е чин на љубовта, подарок за таа личност, тоа е нешто прекрасно.
18. Добрите дела се алки кои го создаваат ланецот на љубовта.
19. На крајот на животот нема да ни биде судено според тоа колку дипломи сме стекнале, колку пари сме заработиле или колку големи дела сме направиле, туку колку сме помогнале некому што му било најпотребно.
20. Ако сакаме луѓето да ја слушнат пораката на љубовта, мора да ја пратиме во светот. За да гори огнот, мора да долеваме масло.