18 Златни совети на Далај Лама: Тишината понекогаш е најгласниот одговор
Колку и да се менува животот, овие правила се универзални и се дел од секој човек...
Далај Лама е гуру на тибетскиот будизам, а за подобар и посреќен живот тој ги препорачува овие златни правила:
1. Имајте на ум дека голема љубов и голем успех во себе нужно носат и голем ризик.
2. Во животот не можете да очекувате секојпат да бидете победници, но важно е од поразот да научите лекција.
3. Почитувајте се себе, почитувајте ги другите и преземајте одговорност за своите дела.
4. Понекогаш најдобрата работа која може да ви се случи е да не го добиете тоа што го сакате.
5. Добро научете ги правилата за да знаете како да ги прекршите.
6. Не дозволувајте мали несогласувања да влијаат лошо врз големо пријателство.
7. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, направете сѐ што е потребно за да ја поправите грешката.
8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.
9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.
10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.
11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарите ќе можете да размислувате за својот живот и да уживате во него по вторпат.
12. Атмосфера преполна со љубов во домот е темел за добар живот.
13. При несогласувања со саканите личности, занимавајте се исклучиво со сегашните ситуации. Никогаш не се повикувајте на минатото.
14. Учете и делете го знаењето со другите. Тоа е единствен начин да станете бесмртни.
15. Чувајте ја природата.
16. Еднаш годишно отидете на место на кое никогаш претходно не сте биле.
17. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која вашата љубов е посилна од потребата што ја имате еден кон друг.
18. Смислата на успехот барајте ја во сите оние работи од кои моравте да се откажете за да го постигнете.
Според кое правило сметате дека вреди да се живее?