23 најинтересни светски факти за кои немате слушнато досега!
Постојат многу светски факти кои се неверојатни, а ние воопшто немаме слушнато за нив. Но, кога ќе ги слушнеме најчесто се прашуваме дали се вистинити.
Овие 23 се дел од нив, па проверете дали и тие ќе го разбудат сомнежот во вас!
- Потребни се 1.200.000 комарци за да ја исцицаат комплетно цела крв од човечкото тело.
- Секој предмет кој се топи може да биде претворен во стакло ако се разладува при топењето.
- Ако го отстраните празниот простор од атомите кои го сочинуваат секој човек на Земјата, целата светска популација би можела да се собере во едно јаболко.
- Медот не се расипува брзо, може да има рок на траење и до 3.000 години.
- Кога би го пронашле сето злато под земјата, би ја прекриле истата со него до коленици.
- Машките жирафи ја пијат урината на женските за да видат дали тие се во своите денови на овулација.
- Во светот само шпанската национална химна нема зборови.
- Мртвите луѓе може да се наежат.
- Четиригодишно дете поставува просечно 400 прашања на ден.
- Над 2.500 луѓе левучари во светот се мртви користејќи предмети за работа наменети за десничари.
- Секој човек во себе има од 2 до 9 килограми бактерии во телото.
- Целосната тежина на сите мравки во светот е иста со тежината на човечката светска популација.
- Вашата мајка од денот на нејзиното раѓање ја носела во себе јајцеклетката од која сте се родиле вие.
- Луѓето во светот кои живееле над 65 години, половина од нив се сè уште живи денес.
- Еден комарец има 47 заби.
- Мајкл Џордан заработува повеќе пари отколку сите Nike продавници во светот.
- Половина од луѓето кои живееле во минатото, починале од маларија.
- 54 милиони луѓе во светот кои се живи денес, ќе бидат мртви за 12 месеци.
- Делфините имаат свои имиња по кои се распознаваат себеси.
- На Јупитер и Сатурн врне дијамантски дожд.
- Шеќерната волна била измислена од забар.
- Во Лос Анџелес постојат повеќе автомобили отколку луѓе.
- Поголеми се шансите да станете претседател отколку да добиете на лотарија.