Смешни, но сепак реални правила за животот
Ова се уште едни правила за животот и како треба да се живее истиот, но се различни од сите претходни досега кои ќе ве насмеат и ќе ве натераат да сфатите дека навистина се реални.
- Парите не ја купуваат среќата, но поудобно е да плачеш во Мерцедес отколку на велосипед.
- Секогаш треба да му простите на непријателот за направената штета, но никогаш не треба да го заборавите неговото име.
- Кога на некој ќе му помогнете во неволја, тој ќе се сети на вас во иднина...кога повторно ќе биде во неволја.
- Многу луѓе се сè уште живи бидејќи не е легално да ги убиеш.
- Алкохолот не решава проблеми, но млекото уште помалку.
- Никогаш не треба да се грижиме што ќе си помислат луѓето, бидејќи луѓето многу ретко мислат.
- Ако треба да одбереме во животот помеѓу две зла, најдобро е да го одбереме она кое што не сме го пробале досега.
- Доколку моментално сте во состојба како на сликата од вашиот пасош, тогаш сигурно ви е потребно патување, спакувајте се и заминете!
- Тенка е линијата помеѓу хоби и ментална болест, препознавајте ја.
- Можностите секогаш изгледаат поголеми кога одиш кон нив, отколку кога самите доаѓаат кон тебе, подобро оди кон нив бидејќи задоволството ќе биде пропорционално со нивната големина.
- Запомни дека човек кој е фин со тебе, а некултурен со келнерот, не е фин!
- Одењето во црква не ги прави верници некои луѓе повеќе од човекот кој се моли дома секој ден.
- Во животот ќе се сретнеш со интелегентни личности кои се природно глупави, одмини ги!
- Кога сите ќе заминат, запомни дека се имаш себеси, ти никогаш нема да се напуштиш.
- Не се расправај со глупав човек, ќе те спушти на негово ниво и ќе те победи со искуство!
- Ако не прашаш никогаш, одговорот ќе биде секогаш „НЕ" .
- Ако забележиш црна мачка на патот, тоа значи дека таа оди некаде, не верувај во суеверија.