13 изјави на познатите жени поради кои сите треба да го прифатат својот изглед
Идеалите за убавината се менуваат со текот на годините, а со тоа и сфаќањата и прифаќањата на изгледот на жените низ историјата. Секогаш постојат некои идеали кои се карактеристични за оние жени според кои се одбираат како најубави.
Но, често се заборава како сето тоа влијае на оние кои не можат да го достигнат она што е претпоставено или што се очекува, па се гледаат себеси како објект кој не е прифатен ниту од околината, ниту од самите нив.
Секоја жена е посебна и убава на свој начин, со сите нејзини доблести и маани. Само мора да научи тоа да го прифаќа.
По тој повод, многу значајни мудрости кажале светски познатите дами, од различни генерации и со различни пропорции.
1. Сите жени кои мислат дека се дебели бидејќи не носат најмал конфекциски број, треба да знаат дека тие се прекрасни, можеби друштвото им е грдо. (Мерлин Монро)
2. Следен пат кога ќе се погледнете во огледалото обидете се да ги заборавите критериумите кои велат дека сте премногу дебели, премногу бледи, стари или дека очите ви се мали, а носот голем. Погледнете си го лицето во огледалото. Ако ја отфрлите критиката ќе си го погледнете вистинското лице, и ако пристапите без осуда, тоа е првиот чекор за доживување на светот. (Опра Винфри)
3. Не е добро ако си премногу слаб, ниту ако си премногу дебел. Невозможно е да ги задоволите сите, па затоа е подобро да престанете да се трудите тоа да го правите за другите. (Џенифер Анистон)
4. Со години не можев да прифатам како изгледа моето тело. Си велев: „Не можеш да облечеш ништо без ракави или прерамки“. Но, наеднаш си реков: „Како би било да престанам да си упатувам толку негативни пораки себе, туку да го носам тоа што го сакам и да уживам?“ Сега повеќе од кога било се чувствувам удобно во она што го носам. (Дру Баримор)
5. Се вели дека окото најмногу ја забележува убавината, а јас си велам дека многу ослободува кога ќе сфатите дека вие сте тој набљудувач. Таа мисла ни дава можност да ја побараме убавината на места на кои другите и не се осудуваат да ја побараат, особено во самите себе. (Селма Хајек)
6. Убавината е она чувство внатре, она што се гледа во очите. Тоа не е нешто физички. (Софија Лорен)
7. Среќата и самодовербата се најубавите работи кои можеме да ги покажеме. (Тејлор Свифт)
8. Морав да пораснам за да научам да го сакам своето тело. На почетокот немав самодоверба, но решив да одберам, или ќе се сакам или ќе се мразам себеси. Ја одбрав љубовта кон себе и тогаш сè тргна на подобро. Оние работи за кои мислев дека не се атрактивни, станаа секси. Самодовербата ве прави сексапилни. (Квин Латифа)
9. Слабите девојки не ги сметам за привлечни, поважно е дали се здрави и среќни. Никогаш не сум имала проблем со прифаќањето на својот изглед. Подобро ќе ручам со пријателите, отколку да одам во теретана. (Адел)
10. Мислам дека без оглед на големината и обликот на телото, важно е да го прифатите својот изглед. Женското тело е прекрасно. Би сакала сите жени да се горди на своето тело и да не ги осудуваат другите жени. (Кристина Агилера)
11. Верувам во маникирот. Верувам во претераното облекување. Верувам во руменилото. Верувам во розевата боја. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е нов ден. Верувам во чуда. (Одри Хепберн)
12. Убавината значи добро да се чувствуваш во сопствената кожа. Познавањето и прифаќањето на себеси онаков каков што си. (Елен Деџенерес)
13. Прифатете ги своите облини и она што сте. Горда сум кога ми приоѓаат млади девојки и велат: „Имам облини и горда сум поради тоа“. (Ким Кардашијан)