Прекрасни цитати по кои ќе го паметиме Оскар де ла Рента
Човекот кој ги воодушевуваше дамите од високото друштво, од нивните тинејџерски денови и дебитантски балови, па сè до венчавките и најубавите животни прослави, ќе остане запаметен по две клучни карактеристики - изостреното чувство за мода и мудрите реченици посветени на секоја современа жена.
Оскар засекогаш ќе остане во сеќавање како човекот кој ја донесе префинетоста во најактуелните модни трендови и како дизајнер кој нудеше бајки преточени во креации.
Токму затоа, потсетете се на неговите најмоќни цитати кои му го одбележаа животот и делото.
„Квалитетите кои најмногу ги ценам кај една жена се љубезноста и самодовербата.“
„Одлична работа кај модата е што постојано се движи напред.“
„Немам одредена тема за секоја сезона, настојувам да дизајнирам прекрасна облека во текот на целата година.“
„Живееме во ера на глобализација и жени. Никогаш во историјата на светот жените не владееле над својата судбина како денес.“
„Не постои поженствен звук од жената облечена во балски фустан.“
„Кога започнав, една жена влезе во продавницата да купи фустан. Го виде во розова и црвена варијанта, па се присети на мажот кој очигледно ќе го плати фустанот. Реши да го купи розовиот затоа што нему му се допаѓал повеќе. Денес, влезе истата жена и се сети дека нејзиниот маж сака розов фустан, па го купи црвениот.“
„Секоја сезона сум инспириран од жената.“
„Ако носиш различен парфем секој ден, не те познавам.“
„Одете како тројца мажи да одат зад вас.“