Интересни факти за животните ширум светот
Сигурно знаевте дека во Австралија има повеќе овци отколку луѓе? Или пак дека крокодилите никогаш не можат да го помрднат јазикот?
Да, има и такви интересни факти за животните ширум светот кои не сте можеле ниту да ги замислите.
Ова се неколкуте најфасцинантни кои ќе ве остават со ширум отворена уста.
- Во последните 4.000 години ниту еден нов вид на животно не е припитомено.
- Односот на луѓе наспроти мравки во светот е 1:1.000.000 така што воопшто не е страшно што јужноамериканскиот мравојадец дневно јаде по околу 30,000 мравки.
- Кога е изнервирана, камилата има обичај да ги плука луѓето кои ја иритираат.
- Плавиот кит може да достигне тежина еквивалентна со 40 носорози; неговото срце е со големина на автомобил, а јазикот му е подолг од возрасен слон.
- И животните, исто како и луѓето се леваци или деснаци. На пример, сите поларни мечки се леваци.
- И животните имаат свои уникатен акцент. Кравите, во зависност во кој дел живеат имаат свое “мууу” кое го изговараат различно.
- Школките го менуваат својот пол неколку пати во животот.
- Еден вид на жаба, кога е загрозена, исфрла отровна стрела која содржи отров доволно јак да повреди околу 2.000 луѓе.
- Ајкулите се имуни на речиси сите болести познати на човекот.
- Кокошката и рибата се единствените животни кои ги јадеме пред да се родат и откако ќе умрат.
- Мравките никогаш не спијат. Исто така, тие немаат бели дробови.
- Морските ѕвезди немаат ниту срце, ниту мозок, ниту очи.
- Познатите китови убијци всушност не се китови, туку посебен вид на делфини.
- Кога бебињата панди се раѓаат се помали од глушец.
- Помеѓу неколкуте преживеани од Титаник се и две среќни кутриња.