32 факти кои не сте ги знаеле за Лондон
17. Активностите во Лондонските олимписки игри во 1908 година вклучувале рагби, скокови во далечина и влечење на јаже.
18. Стравичните борбени сцени во филмот за Виетнам - Full Metal Jacket на Stanley Kubrick биле снимени во најголемната фабрика за гас во Лондон, Beckton Gas Works.
19. Поголемиот дел од сцените во филмот Aliens на James Cameron биле снимени во напуштена централа во градот Acton.
20. Во раните 1950-ти години, секој можел да му се јави на премиерот Winston Churchill. Неговиот телефонски број бил во книгата со телефонски броеви.
21. Во делницата на улиците Marble Arch и Edgware Road постои плакета за комеморација на жртвите кои го изгубиле животот на Tyburn, дрвото кое е сведок на егзекуција на околу 50,000 луѓе низ вековите.
22. Средновековниот Лондон се гордеел со имиња на улиците како Shiteburn, Pissing и Gropecunt - улици за кои се верувало дека упатуваат на проституција во тие реони, но тоа било нормално име за една улица во тој период бидејќи името ја рефлектирало функција на улицата.
23. Во 1995 година јато канаринци слетале на стрелката која покажува минути на часовникот Big Ben и го вратиле времето назад за пет минути.
24. Стотици години зборот cockney бил сметан за навреда.
25. Во „големиот лондонски пожар“ починале само шест луѓе.
26. Во 1829-та година, со тоа што во Лондон снемува место за закопување на своите починати жители, архитект по име Томас Вилсон препорачал изградба на пирамида со 94 спрата над ридот Primorose која би „вдомила“ пет милиони починати.
27. Зошто Canary пристаниште? Бидејќи земјиштето на кое е изградено пристаништето, некогаш било употребувано за работа со товар со овошје од островите Canary.
28. Пред 2002-та година, никој не знаел што да направи со Домот на Милениумот. За време на Божиќ во 2004-та година тој бил употребен како засолниште за бездомниците.
29. Следен пат кога ќе ја користите метро станицата Sloane Square, погледнете нагоре во тунелот кој се движи над вашата глава. Тој ја носи реката Westbourne, една од лондонските „изгубени” реки.
30. Уште една изгубена река, Tyburn тече директно под Бакингемската палата.
31. Мостот Waterloo е изграден претежно од жени.
32. Дезориентиран и без можност да најде излез, пензионер од Лондон вртел 48 часа заглавен на автопатот М25.