Најубавите цитати од Пауло Коељо

Ако сте љубител на делата на Пауло Коељо, сигурни сме дека си ги имате обележувано страниците каде некои од неговите мисли ви оставиле посебен впечаток и сакате да си ги прочитате повторно.

najubavite-citati-od-paulo-koeljo

Ние издвоивме неколку фаворити од цитатите на Коељо:

"Човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне, а вториот кога да запре"

"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."

"Постојам само јас, а се околу мене е моја претстава"

"Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените."

"Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот."

“Универзумот секогаш ни помага да се бориме за нашите сништа, без оглед колку глупави ни се чинат. Бидејќи тоа се наши сништа, и само ние знаеме колку скапо не чинело што сме ги сонувале."

"Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат."

"Во животот сè си има своја цена."

"Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби."

"Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце."

"Кога пред нос имаме големи богатства,никогаш не ги забележуваме. Затоа што луѓето не веруваат во богатства."

"Tоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"

“Тајната на среќата се состои во тоа да ги набљудуваш сите чуда на овој свет, ама никогаш да не ги заборавиш двете капки масло во лажичката.“

“Не е зло она што влегува во човековата уста, туку зло е она што излегува од неа.“

“Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се припуштаме на судбината. Ете тоа е најголемата лага на светот.”

“На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето. Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла.“

Кој е вашиот омилен цитат? Имате нешто да додадете? Слободно споделете со нас во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg