Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Инспиративната приказна на основачот на IKEA: Продавал кибрит и пенкала, па станал најбогатиот Швеѓанец

На 17-годишна возраст, Ингвар изразил желба да отвори своја компанија со која ќе го намали овој трошок и ќе им овозможи поевтини продукти на купувачите.

Бидејќи бил малолетен, му требала дозвола од родител – тој ја добил дозволата од татко му, кој истовремено решил да му ја плати регистрацијата на фирмата.

Па, на 28-ми јули Ингвар ја регистрирал трговската компанија IKEA.

Името е инспирирано од неговите иницијали – Ингвар Кампрад, фармата на којашто бил роден – Elmtaryd, како и селото Agunnaryd во коешто поминал голем дел од детството.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-15.jpg

На почетокот, IKEA била компанија за каталошка продажба

IKEA била основана како трговска компанија која продавала разни производи преку каталог.

Ингвар прво продавал пенкала и моливи, рамки за фотографии, новогодишни честитки и слично кои им ги праќал на купувачите преку пошта.

Ги откупувал производите по ниска цена, па можел и да ги продава поевтино, а сепак да има профит.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-08.jpg

Потоа, кон крајот на 1940-тите, почнал да вклучува и мебел кој го произведувале локални занаетчии.

Ингвар сфатил дека ако го доставува мебелот расклопен, ќе може да го продаде по пониска цена. И, токму ова е револуционерната идеја зад успехот на IKEA.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-05.jpg

Откако отворил и продавница, IKEA брзо се прославила

Во 1950-тите, Ингвар отворил салон во кој купувачите можеле да го видат мебелот пред да го купат.

Бидејќи продолжил да го продава мебелот расклопен, ниските цени се задржале, па популарноста на IKEA само се зголемувала.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-10.jpg

Во 1960-тите веќе отворил неколку продавници низ Шведска, а следната декада отворил продавница и во Швајцарија.

Оттаму, бизнисот продолжил да се шири, па денес IKEA има продавници во над 60 земји ширум светот.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-09.jpg

Во 2013 година, Ингвар се повлече од компанијата

На 87-годишна возраст, Ингвар одлучи да се повлече од компанијата, а раководството го презеде неговиот најмлад син.

Интересно е што Ингвар не сакал IKEA да стане класична семејна компанија и сакал да продолжи со својата мисија, односно да нуди достапен мебел за сите.

Па, неговото семејство нема апсолутна контрола и неговите четири деца имаат разни улоги во компанијата, но не ја наследиле целосно.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-14.jpg

И покрај огромното богатство, останал скромен

Ингвар ќе остане запаметен и како еден од најскромните милијардери.

Возел стар автомобил, јадел во евтини ресторани - многу често и во ресторанот на IKEA - никогаш не летал со прва класа и неретко купувал облека на старо. Живеел во релативно скромен дом и за разлика од останатите богаташи, сакал да користи јавен превоз.

Ингвар почина во 2018-та, на 91-годишна возраст.

inspirativnata-prikazna-na-osnovachot-na-ikea-prodaval-kibrit-i-penkala-pa-stanal-najbogatiot-shvegjanec-03.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бил насилен алкохоличар, се дружел со мафијаши, организирал оргии – Бурниот живот на Френк Синатра Френк Синатра не завршил средно бидејќи бил избркан од училиштето. До 25-годишна...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...
Татко му бил во затвор за убиство, мајка му била зависна од хероин – Тешкото детство на „најзгодниот... Џереми Микс, попознат како најзгодниот затвореник во светот, денес е успешен мод...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg